10 парови кои ги побиле сите стереотипи за врските - Part 2

10 парови кои ги побиле сите стереотипи за врските

6. Убаво Постоење (Beautiful Existence) се венчала сама со себе

10 парови кои ги побиле сите стереотипи за врските

Запознајте ја Убаво Постоење. Пред да наполни 42 години, оваа Американка која е мајка на 2 деца имала друго име – Десире Лонгабо. Таа воопшто не била задоволна од нејзиниот љубовен живот. Но сфатила дека пред да изгради врска со некого, секоја личност треба да се венча сама со себе. Го променила своето име и организирала венчавка во Париз во близина на Ајфеловата кула.

7. Елисани да Силва Круз и Франсиналдо да Силва Карвало

10 парови кои ги побиле сите стереотипи за врските

Ова е највисоката девојка во светот. Можеби мислите дека совршен партнер за неа би бил Џолисон од почетокот на листата, но приказната е друга. Елисани и Франсиналдо се заедно веќе неколку години, иако тој е многу понизок од неа.

8. Глорија Шури Хенри и Али Лори

10 парови кои ги побиле сите стереотипи за врските

Оваа фотографија предизвика лавина коментари на Инстаграм. Луѓето не веруваа во нивната љубов, но свадбените фотографии ги замолчија. Глорија и Али изгледаат навистина среќно. Различниот животен стил не треба да претставува проблем.

9. Најмалиот пар во светот

10 парови кои ги побиле сите стереотипи за врските

Пауло и Катиусја се како создадени еден за друг – и двајцата се речиси исто високи, околу 90 центиметри. Се запознале пред неколку години и се венчале во 2016-та година. Го поминале медениот месец во Лондон каде што го добиле и својот сертификат за Гинисов светски рекорд како најнизок пар во светот.

10. Ешли Стивенс и Кристофер Рид

10 парови кои ги побиле сите стереотипи за врските

Фотографијата од овој пар беше споделена на Редит. Корисникот што ја споделил напишал: „Мојата пријателка го фати букетот. Зад неа е нејзиното момче“. Ешли и Кристофер се шокирале од реакцијата на другите. Многу луѓе не верувале дека таа би одбрала таков дечко и се соочиле со многу навреди. Иако им било тешко, Ешли и Кристофер одлучиле да не обрнуваат внимание на злобните коментари од странци. Заедно се повеќе од 2 години и се пример за здрава и среќна врска.

Дознајте и кои се најчестите стереотипи за мажите и жените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар