10 одвратни работи кои не знаевте дека ги јадете
6. Бубачки
Некои видови боја за храна се направени од еден вид бубачки кои се сушат, а потоа се мелат и создаваат црвена боја. Најчестото име за оваа состојка е Е120, кармин или природна црвена 4.
7. Восок
Многу од гумените бонбони содржат восок, шеќер и засилувачи на вкус. И тоа истиот восок кој се користи за автомобили. Восокот карнауба е наведен како состојка во многу слатки, а може да се најде во глазурите за торти и политурата за чевли. Восокот се произведува од палмино дрво од Бразил.
8. Противпожарна супстанца
Бромираното зеленчуково масло може да се пронајде во некои цитрусни безалкохолни пијалаци. Производителите го користат за да го спречат одделувањето на вкусот до течноста. Сепак, ова масло може да биде многу опасно, а прекумерната консумација може да предизвика напади. Поради ова, во 2014-та година Кока Кола и Пепси го отстраниле од нивните производи.
9. Боракс
Бораксот е прав за чистење кој се користи за облека, садови, кујна или бањи. Мали се шансите дека сте го консумирале, освен ако не сте обожавател на кавијар. Неговото научно име е Е285. Иако е забранет во САД, бораксот сè уште може да се најде во Велика Британија.
10. Авионско гориво
BHT е адитив од авионско гориво кој се користи како антиоксиданс со цел да го продолжи рокот на траење на храната. Најчесто се наоѓа во житарките и не е баш најдобар за вашето здравје.
Погледнете и која храна најчесто предизвикува труење.