10 неверојатни феномени предизвикани од звукот што ќе ве остават без зборови - Part 2

10 неверојатни феномени предизвикани од звукот што ќе ве остават без зборови

6. Подовите славеј

(4)10-neverojatni-zvuchni-fenomeni-kafepauza.mk

Овие подови биле направени како систем за обезбедување за некои важни јапонски резиденции и крцкале многу гласно за да ги предупредат чуварите, имитирајќи го звукот на славејот. Сувите дрвени даски природно крцкаат под притисок, па најдобрите јапонски столари направиле подови кои го засилуваат овој ефект. Техниката на изработка е толку прецизна што може да се одреди и позицијата на натрапникот преку јачината на звукот. Денес туристите се обидуваат да одат нечујно по овие подови, но досега никој не успеал.

7. Автофонија

(5)10-neverojatni-zvuchni-fenomeni-kafepauza.mk

Во 1929 година, биологот Петро Тулио направил мали хируршки отвори на полукружните канали на гулабите за да ја истражува вртоглавицата и нерамнотежата предизвикана од звук. Внатрешното уво е многу чувствително и деликатно, па по операцијата гулабите ја губеле ориентацијата откако биле изложувани на гласни звуци. Овој канал кој е природно заштитен, станал ранлив на сите видови звуци, предизвикувајќи дури болка, но и најстрашното – автофонија. Автофонија е кога една личност го слуша своето тело. Луѓето кои страдаат од ова може да го слушнат биењето на своето срце, па дури и движењето на очите. Секојдневниот живот станува ужасен, а наједноставните задачи како мрдање на вратот предизвикуваат вистинска агонија. За среќа, ова нарушување се појавува само кај 1% од населението, а денес постојат и операции кои го средуваат овој проблем.

8. Шепардова скала

Нотите не се самостојни фреквенции. Многу често потсвесно се комбинираат неколку звучни бранови за да се добие една нота. Ова знаење ни овозможува да создадеме неверојатни аудио илузии. Шепардовиот тон е составен од 3 синусни бранови кои се одделени од една октава. Кога се свири во серија, Шепардовата скала создава навидум бескраен тон кој се повишува или снижува во зависност од насоката. Синусните бранови се зголемуваат (или се намалуваат) за една октава каде што друг синусен бран почнува од позицијата на претходниот најнизок. Бидејќи две фреквенции секогаш се во иста насока, нашиот мозок го прескокнува овој премин па ние слушаме постојан звук.

9. Звучен ѕид

(6)10-neverojatni-zvuchni-fenomeni-kafepauza.mk

Поимот звучен ѕид ги опишува неочекуваните аеродинамични ефекти кога едно летало ја надминува брзината на звукот. Кога брзината е поголема од 1.234 километри на час, воздухот пред леталото е турнат и предизвикува бран со различен притисок кој го менува центарот за притисок на леталото. Истото го прават куршумите, но и камшиците. Звукот кој се слуша кога ќе замавнете со камшик е всушност „кршење“ на звучниот ѕид.

10. Децибели на црна дупка

(7)10-neverojatni-zvuchni-fenomeni-kafepauza.mk

Во 2003 година, НАСА ги откри првите звучни бранови од супер масивна црна дупка во галаксијата Персеј. Тонот кој бил забележан е најдлабокиот кој е слушнат до сега – 57 октави понизок од средниот тон „До“. Звукот бил создаден од црна дупка, но постои и звук кој може да создаде црна дупка. Ако може да се генерира звук од 1.100 децибели, брановите ќе создадат толку силна гравитација што ќе го искриват простор-времето и ќе настане црна дупка. Се разбира, ова е невозможно. Не постои медиум кој може да создаде ваков звук, а нема ни технологија која ќе ја овозможи потребната енергија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар