10 неверојатни теории за реалноста кои ќе ја променат вашата перцепција за светот
6. Вечност
Оваа теорија е спротивна на онаа за сегашноста. Оваа филозофска теорија смета дека времето има повеќе слоеви, како торта. Целото време постои истовремено, но неговото мерење е одредено од набљудувачот. Она што набљудувачот го гледа зависи од неговата гледна точка. Па, диносаурусите, Втората Светска војна и Мадона постојат истовремено, но можат да се набљудуваат само од одредена локација. Ако оваа теорија е точна, тогаш иднината е безнадежна и слободната волја не постои.
7. Мозок во тегла
Овој мисловен експеримент е тема на разговор кај многу мислители и научници, кои како повеќето луѓе сметаат дека реалноста зависи од нивните чувства. Па, што е дебатата? Замислете дека сте само мозок во тегла кој е управуван од вонземјани или луди научници. Како ќе знаете дека ова е така? Како ќе можете вистински да ја одбиете можноста дека ова е вашата реалност? Овој мисловен експеримент води до истиот заклучок: не можеме да го потврдиме постоењето на ништо друго освен на нашата свест. Оваа теорија е основната идеја зад филмот „Матрикс“ (The Matrix). За жал, ние сè уште ги немаме црвените пилули.
8. Мултиверзум
Секој кој има пристап до Интернет има слушнато за „мултиверзум“ – идејата за постоење паралелни универзуми. Во теорија, паралелните светови се многу слични со нашиот, со мали (во некои случаи огромни) разлики или промени. Оваа теорија смета дека постои бесконечен број на алтернативни реалности. Што е целта на оваа теорија? Во паралелната реалност можеби сте моќен диктатор, во некоја друга пак, можеби сте се родиле пред вашите родители да се сретнат.
9. Фиктивен реализам
Ова е најинтересната гранка на теоријата на мултиверзумот. Супермен навистина постои. Или пак, можеби и Хари Потер е реален. Оваа гранка од теоријата смета дека кога постои бесконечен број универзуми, сè мора да постои некаде. Па, сите наши омилени измислени ликови и светови можеби постојат во некој алтернативен универзум, место каде што се склопиле вистинските делчиња за да го овозможат тоа.
10. Феноменализам
Секој го интересира што се случува со работите кога не ги гледаме. Научниците внимателно го истражувале овој проблем и некои од нив дошле до едноставен заклучок – тие исчезнуваат. Можеби не буквално, но филозофите кои се занимаваат со ова веруваат дека работите постојат само како феномен на свесноста. Па, вашиот лаптоп е овде само кога сте свесни за него и кога верувате во неговото постоење. Но, кога ќе се тргнете од него, тој не постои сè додека вие или некој друг не го користи. Нема постоење без перцепција – ова е коренот на феноменализмот.
Прочитајте ги и овие интересни вистински приказни кои покажуваат дека реалноста можеби не постои.