10 неверојатни сличности помеѓу нас и праисториските луѓе
6. Дентално здравје
Модерните луѓе вложуваат многу време и енергија во оралната хигиена. Заболекарите постојано нè потсетуваат за важноста на правилното миење заби и повеќето од нас се згрозуваат од помислата да не ги измијат забите барем еднаш во текот на денот.
Но дали знаевте дека праисториските луѓе имале неверојатни заби? Всушност, тие имале посилни и поздрави заби за разлика од нивните потомци кои ги миеле забите. Антрополозите сметаат дека причината е развојот на агрикултурата бидејќи шеќерот и храната со јаглехидрати не се добри за забите. Начинот на исхрана на праисториските луѓе ја намалил потребата од заболекари.
7. Климатска промена
Климатската промена е контроверзна тема и во научните и во политичките кругови уште од нејзиното откривање. И нашите предци биле свесни за промената на климата. Археолозите откриле дека за време на Средната камена доба се појавувале алатки креирани во одредени периоди, особено кога имало драстична промена на времето. Доказите покажуваат дека луѓето правеле повеќе алатки кога се менувала климата, што значи дека на некој начин се подготвувале за промената.
8. Исхрана
Луѓето се омнивори. Без разлика колку сакате месо, важно е да го внесете и потребното количество овошје и зеленчук. И покрај верувањата дека пештерските луѓе биле карнивори, праисториските луѓе имале ист начин на исхрана како нас. Антропологот Глин Л. Исак ја истражувал праисториската храна и открил дека и праисториските луѓе сакале урамнотежен оброк со месо и зеленчук, слично како и модерниот човек.
9. Рак
Ракот го гледаме како модерна болест. Секој ден слушаме за нешто ново што предизвикува рак и не е изненадувачки тоа што оваа болест се зачестила по Индустриската револуција. Но најпознатиот археолог на светот, Луис Лики, открил нешто неверојатно. Човекот познат како Homo kanamensis откриен во Кенија имал необичен израсток на вилицата. По неколку истражувања се открило дека станува збор за тумор, односно рак на коските.
10. Вокабулар
Поради милениумската разлика помеѓу нас и нашите праисториски предци, нормално е да помислиме дека би имало ограничување поради јазикот помеѓу нас. Многумина мислат дека раните луѓе комуницирале само со крици. Овој мит е толку популарен што е претставуван во многу филмови и реклами.
Но според истражувачите од Велика Британија и Нов Зеланд, вистината е поинаква. Некои од најосновните зборови датираат од мезолитот, пред околу 15.000 години. Се верува дека некои од зборовите се употребуваат и денес бидејќи концептите за „дланка“ и „риба“ се многу слични со зборовите на праисториските луѓе. Овие зборови звучат и имаат исто значење низ многу разни култури и се зачувани низ милениумите со многу мали измени.
Прочитајте ги и овие интересни факти за луѓето од камената доба.