10 неверојатни работи кои ќе се случат ако Земјата престане да се врти - Part 2

10 неверојатни работи кои ќе се случат ако Земјата престане да се врти

6. Земјата ќе се трансформира од геоид во сфера

(6)10-neverojatni-raboti-koi-kje-se-sluchat-ako-zemjata-prestane-da-se-vrti-kafepauza.mk

Сегашната форма на Земјата е поради нејзината ротација. Таа е малку сплескана на половите и издолжена кај екваторот. Ако вртењето престане, планетата ќе добие сферична форма.

7. Едната хемисфера ќе стане жешка пустина, а другата ќе биде студена колку Антарктикот

(7)10-neverojatni-raboti-koi-kje-se-sluchat-ako-zemjata-prestane-da-se-vrti-kafepauza.mk

Ако Земјата продолжи со вртење околу сонцето, само едната страна би била загревана. Таа страна ќе биде многу жешка и таму секогаш ќе биде ден, а на другата ќе владее студ и вечна ноќ. НАСА има предложено и друга верзија: Земјата ќе го прекине секое движење, па ќе има ден кој ќе трае 6 месеци, а потоа ноќ со истата должина.

8. Магнетното поле ќе исчезне

(8)10-neverojatni-raboti-koi-kje-se-sluchat-ako-zemjata-prestane-da-se-vrti-kafepauza.mk

Магнетното поле е формирано поради надворешното јадро, кое содржи најмногу железо, и поради вртењето на планетата. Ако вртењето престане, ќе исчезне и магнетното поле. Ова поле нè штити од сончевиот ветар и без него, наелектризирани честички од сонцето кои би го уништиле целиот живот на Земјата.

9. Ако луѓето преживеат, тоа ќе биде само на границата на топлото и на ладното

(9)10-neverojatni-raboti-koi-kje-se-sluchat-ako-zemjata-prestane-da-se-vrti-kafepauza.mk

Човештвото ќе може да се приспособи на новите услови само ако се смести на границата на денот и ноќта. Луѓето ќе треба да живеат под земја и да носат заштитни одела поради радијацијата.

10. Месечината ќе се сруши врз Земјата, но за тоа ќе биде потребно време

(10)10-neverojatni-raboti-koi-kje-se-sluchat-ako-zemjata-prestane-da-se-vrti-kafepauza.mk

И месечината постепено ќе го забави движењето, а со тоа ќе се намалува нејзиното растојание од Земјата. Евентуално таа ќе „падне“ на планетата.

Всушност, Земјата навистина забавува. Во нејзината „младост“ таа се вртела многу побрзо, а денот траел само 6 часа. Гравитацијата од месечината предизвикува забавување на вртењето на Земјата. Научниците од НАСА пресметале дека должината на денот се скратува за 2,3 милисекунди на секои 100 години. После милијарда години, деновите ќе станат многу подолги, а нашата планета можеби целосно ќе застане.

Погледнете и некои чудни феномени за кои науката нема објаснување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар