10 неверојатни откритија за древните автори и книги - Part 2

10 неверојатни откритија за древните автори и книги

6. Најстарата библиотека во Германија

10 неверојатни откритија за древните автори и книги

Во 2018-та година археолозите од Келн ископувале стара протестантска црква. Додека расчистувале тие пронашле римски урнатини. Сепак, намената на пронајдената структура не била толку очигледна, а најчудниот детаљ биле необичните ѕидови. Слични ѕидови се појавиле во Ефес во Турција и биле дел од библиотека. Поради ова археолозите веруваат дека ја пронашле најстарата библиотека во Германија. Изградена во текот на 2-иот век, најверојатно имала два ката и зафаќала површина од 20 метри на 9 метри.

7. Различна библиска приказна

10 неверојатни откритија за древните автори и книги

Со децении во музејот Метрополитен во Њујорк се наоѓал заборавен папирус. Во 2018-та година истражувачите решиле повторно да го испитаат. Сè што се знаело за него е дека е пронајден во 1934-та година и е стар 1.500 години. Новиот интерес се исплател. По долго испитување се открило дека записот датира од период кога во Египет се практикувало христијанството. Папирусот содржел магии од кои со некои се повикувал Бог. Бил користен чуден назив за Бог – „оној кој претседава на планината на убиецот“.

Иако во текстот не се спомнува Новиот завет, именувани се неколку луѓе од хебрејската Библија. Поради ова насловот е поврзан со инцидент од Библијата кога Бог му наредува на Авраам да го жртвува својот син Исак. Според Библијата, Бог ја спречил смртта на Исак, но папирусот кажува дека тој сепак бил жртвуван. Интересно е што ова не е прв текст кој тврди дека Авраам навистина го убил неговиот син.

8. Отровни учебници

10 неверојатни откритија за древните автори и книги

Во 2018-та година во Универзитетот во Јужна Данска биле испитувани 3 книги од нивната ретка колекција од Викторијанската ера. Целта била да се открие дали кориците се направени од документи. Но, истражувањата покажале нешто застрашувачко – кориците биле покриени со арсен.

Арсенот се користел во Викторијанската ера за производство на специфична зелена боја, па поради ова викторијанците носеле отровни фустани, користеле отровни поштенски марки и живееле во домови варосани со отровна боја.

9. Таен дневник

10 неверојатни откритија за древните автори и книги

Кога се реновирала една стара француска куќа оваа година, на горниот кат биле откриени записи на подот. Авторот се претставил како 38-годишен Жоаким Мартин. Во 72 записи помеѓу 1880 и 1881 година, Мартин опишал многу нешта за него. Ова дава неверојатен увид во селскиот живот од 19-тиот век.

Мартин запишувал нешта за кои не можел да зборува отворено, а во еден запис објаснил и зошто. Според него, би бил долго мртов пред да му го пронајдат дневникот. Жоаким навистина постоел и истражувачите откриле дека живеел од 1842 до 1897 година и имал 4 деца.

10. Измама со свитоци од Мртвото Море

10 неверојатни откритија за древните автори и книги

Постојат колекционери кои најмногу посакуваат редок фрагмент од свитоците од Мртвото Море. Овој том содржи делови од хебрејската Библија кои се над 1.000 години постари од другите извори. Ова ги прави свитоците неверојатно ретки и скапи.

Но, богатите купувачи привлекуваат и измамници. Во 2017-та година експертите предупредиле дека голем дел од фрагментите во циркулација се лажни. Всушност, се смета дека 90% од 75-те фрагменти се лажни. Но, најголемиот проблем во оваа ситуација се купувачите. Тие се толку воодушевени од идејата дека поседуваат дел од фрагментите што не сакаат да веруваат дека се измамени.

Дали знаете кои се најстарите артефакти во светот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар