10 неверојатни модни совети од древниот свет - Part 2

10 неверојатни модни совети од древниот свет

6. Фризури

(6)10-modni-soveti-od-drevniot-svet-kafepauza.mk

Доколку сакате да се разликувате од другите, Римјанките имаат совет за вас: Натрупајте ја косата со локни. Аристократските дами во периодот од 69 до 96 година од нашата ера, имале посебно трениран роб чија задача била да им ги прави локните што е можно повисоко. Ако некоја богата Римјанка немала соодветна коса за посакуваниот изглед, можела да користи перика направена од коса од робови. Модерните фризури брзо се менувале, па кога им правеле статуи на аристократите, косата можела да се извади и да се замени со најновиот тренд.

7. Бикини

(7)10-modni-soveti-od-drevniot-svet-kafepauza.mk

Кога било создадено во 1946 година, бикинито било на врвот на модата. Но, древните Римјанки веднаш би го препознале. Денес бикинито се користи за пливање и сончање, додека Римјаните го користеле како спортска облека. Откриен е мозаик на кој се прикажани 10 жени кои спортуваат и се облечени во нешто што многу наликува на бикини. Во Помпеја постои статуа на Афродита која ја прикажува божицата на љубовта во златно бикини.

8. Козметика

(8)10-modni-soveti-od-drevniot-svet-kafepauza.mk

Римскиот драматург Платус рекол:

„Жена без боја е како храна без сол.“

Сепак, употребата на козметички производи е многу постара од Римјаните. Пронајдени се алатки за правење боја кои се стари околу 100.000 години на кои има пигменти што биле користени од древните општества за украсување на телото. Шминката која ни е позната денес веројатно потекнува од Египет. Египќаните од сите социјални групи нанесувале дебел слој црна боја околу нивните очи. Иако ова шминкање имало и религиозна симболика, сепак си имало и практична примена. Темниот пигмент помагал да се намали сјаењето на сонцето, ги држел инсектите настрана од очите и ги штител очите од прашина и песок. Бојата која ја користеле содржела олово, но изгледа вредело да се ризикува за убавина. Римјанките користеле руменило со слична смеса со олово.

9. Тога

(9)10-modni-soveti-od-drevniot-svet-kafepauza.mk

Иако речиси секој ја знае римската тога, ова парче облека не било наменето за секој ден. Тогата се носела само кога некој сакал да се покаже пред другите. Таа била прилично бескорисно парче облека, и за нејзино облекување била потребна помош од робовите. Ако сакате цел ден да ви остане на место, не можело да ја користите левата рака за ништо. Дебелата волна од која биле изработувани тогите била непријатна за римските лета. Ова парче облека им кажувало на другите дека вие сте премногу важни за да извршувате каква било физичка работа. За да се исчисти, тогата била потопувана во урина, а робовите ја газеле за да излезе нечистотијата.

10. Оформување черепи

(10)10-modni-soveti-od-drevniot-svet-kafepauza.mk

Повеќе од 10.000 години луѓето ги модифицирале черепите на бебињата во необични форми како показател на нивната социјална положба. Овој „ритуал“ независно се развил низ многу цивилизации. Древните Европејци, Хуните, Маите, Инките и Индијанците користеле разни методи за оформување на черепот. Хипократ, таткото на западната медицина, опишал една техника во 400-тата година пред нашата ера:

„Тие сметаат дека најблагородните имаат најдолги глави. Поради ова, веднаш откако ќе се роди детето, додека неговиот череп е сè уште мек, тие го оформуваат со нивните дланки и го врзуваат со цел да ја уништат сферичната форма на главата и да ја зголемат нејзината должина.“

Дали знаете од што зависи кои бои ќе бидат во тренд?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар