10 неверојатни факти за Ромите - Part 2

10 неверојатни факти за Ромите

6. Се борат за своите права

10 неверојатни факти за Ромите

За среќа Ромите не се без глас како што ги претставуваат медиумите. Постојат групи како Светската ромска организација и Европскиот центар за правата на Ромите кои добиле многу тужби против расистите на моќ. Тие исто така имаат годишен Светски ромски конгрес, Недела на гордост и Интернационален ден на Ромите (8-ми април). Нивното знаме е составено од хоризонтална зелена и сина линија што ги претставуваат земјата и небото, и црвено чакра-тркало што ја симболизира нивната врска со Индија, нивната преселба и нивните трагични загуби.

Познатите ромски артисти и изведувачи како Пабло Пикасо, Чарли Чаплин и Мајкл Кејн ја подигаат свеста за оваа етничка група.

7. Не живеат сите во каравани

10 неверојатни факти за Ромите

Иако во поп културата често се претставени како луѓе што живеат во украсени каравани, ова е навистина ретко во реалноста. Причината е тоа што тие биле изгорени кога умреле нивните сопственици, но биле ретки уште на почетокот.

Ромите почнале да се поврзуваат со овие каравани пред околу 150 години. Не живееле во нив сè до 1850-та година и малкумина можеле да си ги дозволат. Повеќето патувале од едно место на друго пеш и спиеле во шатори. Со појавата на моторните возила, караваните повеќе не биле практични. Денес мнозинството Роми живеат во куќи, а најсиромашните се снаоѓаат како знаат.

8. Не се сите безбожници и претскажувачи на иднината

10 неверојатни факти за Ромите

Уште една погрешна слика за Ромите која за многумина е и навредлива е дека сите се вклучени во вештерство. Низ историјата тие се поврзувани со претскажување на иднината, правење амајлии, напивки, клетви и слично. Иако претскажувањето на иднината е дел од ромската култура, причината е тоа што ова бил единствениот начин на кој Ромките можеле да заработуваат пари.

Исто така Ромите не се безбожници. Често тие ја прифаќаат религијата на државата во којашто се. Па, постојат многу Роми кои се христијани и муслимани.

9. Не се вклучени во пописите

10 неверојатни факти за Ромите

Иако никој не знае колку Роми има денес, тие се сметаат за најголемото малцинство во Европа и се побројни од Евреите, Африканците и доселениците од јужна Азија заедно. Постојат некои претпоставки – 6 милиони во Европската Унија и двојно повеќе низ цела Европа, 2,3 милиони Роми во Египет и по речиси милион во секоја држава од САД, Русија и Бразил. Веројатно постојат и помали групи во Африка, Средниот Исток, Азија и Австралија.

Ромите се особено претпазливи кога станува збор за нивно идентификување, а не можеме да ги обвиниме за ова.

10. Можно е да имате ромско потекло

10 неверојатни факти за Ромите

Кога ќе се земе предвид колку долго и широко мигрирале Ромите, многу луѓе имаат ромски корени без да бидат свесни за тоа. Без разлика каде живеете голема е веројатноста и вие да спаѓате овде. Еден од начините да откриете дали имате ромско потекло е ДНК тест, а друг е проучување на генетските извештаи за вашето семејство, ако воопшто постојат. Најчесто може да се забележи и по презимето или по работното место на вашите предци. Исто така ако во вашето семејно дрво најдете „египетски“ корења, голема е веројатноста да станува збор за Роми.

Без разлика на омразата и насилната депортација, оваа прогонувана група не може „да се врати од каде што дошла“ исто како што Американците не можат да „се вратат“ во Европа, или пак кој било од нас да „се врати“ во Африка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. бени Reply

    за оваа причина на циганите си се самите како популација виновни,затоа и проблемот е во нивните гени,да крадат ,лажат и тие особини ги извежбале до совршенство на манипуланти со секој кој ке му застане на патот до она кое решиле да го направат,а тоа е да додјат до она туѓо нешто со најмал потрошен труд и работа како шо тоа го прави целиот остаток на светот,но со таа разлика шо циганите,ромите или популарно како ние ги нарекуваме -ЏУПЦИ сакаат да дојдат до нешто шо нив не им припаѓа т.е.присвојување на туѓа сопственост кој некој друг го стекнал со чесно работење или трпелива работа.Не им е својствено да се адаптираат во било кое општество со моќта на знаењето т.е. да се борат со учење и знаење туку тоа го прават како им наредуваат гените на предците а тоа е крадење лажење манипулирање,шалабазертво,коштаплерство итн…тука е нивниот проблем за кои сами си се виновни оти така сите ги гледаат.Секој запрашан било каде во светот е дека џупците се уличари,лажат,крадат,манипуилираат,и не сакаат да работат како и сите останати кои тоа го прават.Немаат капацитет ни за да влезат во светот на големите криминални сфери ЗОШТО???… затоа шо толкав е коефициентот на интелегенција,тоа е за нив висока лига…

Остави коментар