10 неверојатни антички техники за претскажување на иднината
6. Гледање на статуи
Во древен Египет огромните камени статуи се користеле во ритуали за предвидување на иднината. Имало луѓе кои биле надарени да ја предвидат иднината. Тие верувале дека духовите влегувале во статуите и ако доволно се молеле, одговорите на нивните прашања ќе ги добиеле во сон. Во Библијата се спомнати идолите кои се користеле во древен Израел.
7. Читање од ливчиња чај
Во древна Кина и средновековна Европа, луѓето ја претскажувале иднината од ливчиња чај. Ливчињата заземале одредена форма, па претскажувачите на иднината можеле да ги толкуваат овие форми и да ја откријат иднината. На пример, ако ливчињата имале форма на змија, ова значело дека некој ќе предизвика проблеми. Но ако некој ја протолкувал формата како планина, ова значело дека постои некакво патување во блиска иднина. Во 18-тиот век во Италија имало сличен ритуал, но тие гледале на кафе.
8. Фрлање ждрепка
Во овој случај се поставуваат едноставни прашања кои може да се одговорат со „да“ или „не“. Оваа техника се распространила низ многу култури. Понекогаш се користеле предмети како школки, стапчиња, хартија, па дури и гравчиња. Некои верзии од овие предвидувања се користат и денес. На пример, постои верување дека со нишало може да се одреди полот на детето кај бремена жена. Иако оваа техника се сметала за „демонска“, христијаните сепак фрлале ждрепки со изговор дека резултатот е божја волја.
9. Антропомантија
Ацтеките и Инките се познати по нивните ужасни човечки жртви, кои сепак не биле само за боговите. Антропомантија во буквален превод значи „човечко претскажување“. Се жртвувале деца и бебиња со цел да се предвиди иднината. Жртвите морале да трпат бавна смрт каде што нивните гради биле отворани и им се ваделе органите од телото. Знаците кои ја претскажувале иднината биле распоредот на органите и реакцијата на жртвата. Ова се случувало и во древна Месопотамија и во Јапонија. Сличен ритуал имало и во древна Грција каде што жртвата била млада невина девојка.
10. Претскажување од природата
Древните ирски традиции за претскажувања ги вклучувале воздухот, ѕвездите и ветерот. За време на силни ветришта и бури, штетата која била нанесена се гледала како лош знак. Понекогаш лисјата се наоѓале на земјата со нешто чудно врз нив. Ова било особено лош знак за болест во семејството. Некои мистици тврделе и дека слушале гласови во ветерот кои им кажувале кој ќе умре. Кога немало бури, се набљудувале формите на облаците, слично како кај гледањето на ливчиња чај. Кометите и промените на ѕвездите биле од големо значење и можеле да претскажат некаква трагедија или среќа. На некој начин, овој вид претскажување е најраната форма на метеорологијата – се предвидувале временските услови со помош на облаците и ветерот.
Ако верувате во претскажувања, прочитајте ги и овие вистински приказни за претскажувачки соништа.