10 нешта што не можеме да ги докажеме, но луѓето сепак веруваат во нив
6. Карма
Многу луѓе веруваат дека начинот на којшто се однесувате денес одредува што ќе ви се случи во иднина. Иако доказите се сведени само на анегдоти, мислиме дека доброто однесување ќе ни донесе позитивни работи во иднина. Не можеме да докажеме дека кармата навистина постои, но таа сепак останува принцип според кој живеат многу луѓе.
7. Интуиција
Можете да го наречете чувство во стомакот или интуиција, и многу луѓе веруваат дека навистина постои ова шесто сетило што е наш тивок водич. Интуицијата може да ни кажи дали да веруваме некому, да ставиме крај на некоја врска или да се држиме настрана од нешто. Без навидум логично објаснување, интуицијата ни помага да донесуваме одлуки и нè тера да веруваме дека одлуката доаѓа од моќ поголема од нас. Ја бараме интуицијата секогаш кога ќе наидеме на некој проблем.
8. Судбина
Често можете да ја слушнете фразата „Сè се случува со причина“, особено ако станува збор за нешто лошо. Иако нема вистинска причина поради која би верувале дека има некаква смисла во животните настани, сепак си кажуваме дека одредени настани требало да се случат онака како што се случиле. Идејата за судбина ни дава некаква утеха и ни помага да надминеме некоја катастрофа или настан што нè повредил.
9. Религиски текстови
Без разлика од каде се, повеќето луѓе веруваат во некаква организирана религија. Религиите се изучуваат од текстови како што е Библијата и во нив е прикажано како би требало да живееме според некоја поголема сила, како Бог. Веруваме во приказни за луѓе кои живееле по стотици години, извршувале невозможни подвизи, па дури и луѓе кои ја победиле смртноста, само затоа што тие се дел од религиски текст. Иако не постои никаков доказ дека овие текстови навистина се рефлексија на некоја поголема моќ, луѓето го даваат најдоброто од себе за да ги следат нивните правила.
10. Бог
Изгледа дека вербата во Бог или некое битие што нè води низ животот е најсилна. Од мислењето дека нашите молитви ќе бидат слушнати, до верувањето дека ќе се соочиме со нашиот создател по смртта, не само што веруваме дека Бог е вистински, туку убедени сме дека е насекаде околу нас. Засега не можеме да го докажеме постоењето на Бог или на некоја слична сила, но концептот за божества постои уште од почетоците на човештвото.
Што мислите, зошто луѓето ја прифаќаат религијата?