10 неодамнешни луди приказни за патување низ времето
6. Патување до иднината и минатото
Не само што Ноа Новак патувал од 2030-та до 2070-та година, туку се запознал и себеси 40 години подоцна. Потоа и двајцата Ноа дошле во 2018-та и сега раскажуваат за нивните авантури. Ова звучи неверојатно и за луѓето кои навистина веруваат во патување низ времето.
Сепак, Ноа понудил неколку предвидувања за следната деценија. Наводно, во 2020-та година Трамп повторно ќе биде претседател. Следната година вештачката интелигенција ќе има вистинска револуција. Во 2028-ма година, мисијата до Марс ќе биде успешна.
7. Вонземјанин од 6491-ва година „заглавил“ на Земјата
Оваа приказна е уште почудна. Во јануари 2018-та година, Џејмс Оливер изјавил дека доаѓа од иднината, и не само што бил заглавен во минатото, туку бил заглавен и на Земјата. Наводно неговата планета е во некој далечен сончев систем.
Според Оливер, тој дошол на Земјата со мисија, но сината крвава месечина предизвикала проблеми со неговиот брод, па не можел да се врати. Засега не е јасно дали има начин да се врати во своето време или на својата планета, но открил дека човештвото влегува во една од најважните фази од неговото постоење.
8. Патување во 9428-ма година
Еден човек од Грузија кој не сакал да го открие своето име, тврди дека отпатувал во 9428-ма година. Според него, овој настан потекнува уште од 1987-ма година, кога Грузија била дел од Советскиот Сојуз. Иако главната цел на овие експерименти било подобрување на животот, некои воени експерименти биле со цел да се откријат нови оружја. Мисијата на овој човек била да бара факти со експериментална временска машина. Неговото патување почнало на 11-ти декември, 1987-ма година.
9. „Чудотворна храна“ од 2200-та година
Во март 2018-та година, еден човек познат како В. Д. Дејвис изјавил дека дошол од 2200-та година, и тоа не со празни раце. Тој тврди дека донел чудотворна храна која може да издржува човек цела недела. Овој вид храна помогнал во истребување на гладот.
Но, тоа не е сè. Дејвис тврди дека има 103 години и дека просечниот животен век на луѓето во 2200-та година е 200 години. Луѓето живееле заедно со вонземјани на површината на планетата и во подводни градови. Исто така, имало и луѓе кои живееле на Марс.
10. Предупредување за инвазија од вонземјани
Еден пијан временски патник тврди дека дошол од иднината за да нè предупреди за напад од вонземјани. Во октомври 2017-та година изјавил дека нападот ќе се случи во 2018-та и дека луѓето треба да си заминат уште сега. Тој побарал и да разговара со „претседателот на градот“. Исто така додал дека се случила грешка и дека требало да отпатува во 2018-та година и дека единствениот начин да патува низ времето е да го наполни телото со алкохол.
Погледнете ги и доказите кои покажуваат дека патувањето низ времето можеби е возможно.