10 неодамна откриени факти и мистерии за Маите
6. Мајанска сина
Маите биле навистина добри сликари. Тие измислиле ретка боја што ја употребувале на муралите и на нивните жртви. Денес оваа боја е позната како мајанска сина а на археолозите им биле потребни векови за да го откријат нејзиното потекло. Во 17-тиот век сината била навистина тешка за наоѓање и ја користеле само вистинските мајстори. Историчарите биле изненадени кога открие дека сликарите од 17-тиот век од шпанските колонии во Новиот свет ја користеле сината во изобилство. Дури во 20-тиот век сфатиле дека бојата потекнува од знаењето на Маите кои ја произведувале од растенија.
7. Потопен подводен мајански град
Во 2018-та година еден нуркач истражувал мал отвор во потопен тунел на полуостровот Јукатан. Излегло дека овој тунел е најдолгата подводна пештера. Експертите се спуштиле во тунелот и идентификувале 200 места на кои имало археолошки остатоци. Помеѓу пронајдоците бил и лавиринт од 347 километри каде што имало олтари од Маите. Пронајдоците укажуваат дека пештерата некогаш била дел од „подземјето“ на Маите. Пештерата содржи 15.000 години информации.
8. Необичен развој на градот
Кога градовите се развиваат, често стануваат погусти. Со други зборови, населението се зголемува и луѓето живеат и работат поблиску едни до други. Но Маите не го следеле овој тренд. Кога нивните градови се развивале, тие ги проширувале. Наместо да живеат во соседства тие практикувале нешто што археолозите го нарекуваат урбанизам со мала густина и се селеле надвор од границите на градот.
9. Поглед кон обичните Маи
Пониските класи го сочинувале мнозинството од населението на Маите. Но муралите и другите уметнички дела се фокусирале само на погорните слоеви. Поради ова изгубени се многу информации за тоа како изгледал секојдневниот живот на Маите. Во 2009-та година истражувачите исчистиле насликана пирамида во Мексико. На едниот ѕид имало Мурал на кој биле прикажани нормални Маи на работа. Ова можеби звучи безначајно, но тоа е првото вакво откритие од историјата на Маите. Прикажани се луѓе кои подготвуваат храна, преработуваат тутун и пијат. Секоја сцена е придружена со хиероглифи кои објаснуваат што се случува.
10. Најстариот кодекс
Во 1964-та година се појавил еден мајански документ. На него имало слики од Венера и се сметало дека е лажен. Критичарите изјавиле дека не изгледа како ниту еден кодекс на Маите и дека е премногу едноставен за да биде вистински. Проблемот бил што овој артефакт бил украден па не се знаело каде е пронајден. Но во 2018-та година се открило дека не само што документот е автентичен, туку е најстариот запис во Америка. Бил создаден помеѓу 1021 и 1154 година и изгледа различно поради сиромаштијата во тој период. Луѓето создавале уметност со материјалите што им биле достапни. Ова е првиот познат документ од тој период и има неколку текстови кои го преживеале опожарувањето од Шпанците во текот на 16-тиот век.
Погледнете ја и скриената цивилизација на Маите низ фотографии.