10 неочекувани работи кои наскоро може да исчезнат
6. Сперма
Едно истражување покажало дека од 1973 до 2011 година, концентрацијата на спермата се намалила за 52,4%, и тоа во Северна Америка, Европа, Австралија и Нов Зеланд. Намалениот квалитет на спермата е поврзан со прекумерната телесна тежина и со морталитетот. Научниците сметаат дека причината за ова е опкружувањето. Хемикалиите околу нас, лошата исхрана, дебелината, но и нивото на стрес имаат големо влијание. Покрај тоа да не ги заборавиме и пестицидите кои се наоѓаат во нашата храна.
7. Риби
Ако продолжиме со ловењето риби како досега, многу брзо ќе ги испразниме океаните. Годишно се ловат околу 2% од рибите, а големите рибници кажуваат помали бројки од оние вистинските. Во помалку развиените земји ловењето на црно е полесно. 92% од рибите кои се ловат во Кина не се пријавуваат, а 40% од глобалното ловење е мистерија. Штом рибите ќе исчезнат, нема назад, па мрежата на исхрана која и онака е нарушена, ќе се промени на начини на кои не можеме ни да ги замислиме.
8. Складирање податоци
За жал овој проблем е поголем отколку бришење неколку фотографии на вашиот телефон. Информациите никогаш не биле олку важни. Тие стануваат основен дел од секој бизнис низ целиот свет. Се смета дека до 2020 година ќе има околу 26 милијарди поврзани уреди во употреба, а овде не спаѓаат 7-те милијарди смартфони, компјутери и таблети. Силиконските хард дискови не можат да пристигнат со растењето на трендот, но се работи на решение. Во 2013 година еден тим научници успешно ја складира колекцијата сонети од Шекспир како PDF документ во една нишка од ДНК. Ако се дојде до алтернатива која барем малку ќе наликува на ова, можеби меморијата нема да биде проблем.
9. Злато
Во последнава деценија значително е намален бројот на рудници за злато. Потрошувачката на злато се намалила од 10 милијарди долари во 2012 година на 4 милијарди долари во 2016 година. Поради ова се очекува залихата да се намали за 15 до 20% во наредните 4 години. Но еден астероид познат како 2011 UW158 последен пат поминал покрај Земјата во 2015 година. Каменот е долг повеќе од 500 метри и се смета дека содржи скапоцени метали во вредност од 300 милијарди долари до 5 трилиони долари. За жал астероидот моментално е 6 пати подалеку од месечината. Но научниците не се откажуваат. Една компанија од Вашингтон, Planetary Resources, направила 3-месечна експедиција за да ја тестира технологијата за вселенски истражувања. Исто така, леталото Розета успешно слета на комета во 2014 година, па можеби има надеж за златото.
10. Медицински сестри
Овде влијаат многу фактори. Како прво, бројот на стари лица постојано се зголемува. А 80% од нив имаат барем едно хронично заболување, додека 68% имаат по две. Во 2012 година биле одбиени 79.659 квалификувани апликанти од училиштата за медицински сестри бидејќи нема доволен број на училници, клиники и опрема. Се разбира и нема доволно буџет да го покрие сето тоа. Ако се земе предвид и фактот дека сегашните медицински сестри стареат и се пензионираат, ќе се соочиме со голем дефицит на медицински персонал ако не се направи место за нови сестри.