10 необични светски лидери кои ја кршат политичката монотонија - Part 2

10 необични светски лидери кои ја кршат политичката монотонија

6. Тиририка

10 необични светски лидери кои ја кршат политичката монотонија

Овој политичар буквално е кловн. Некој го нарекувале неписмен бидејќи се откажал од училиште на 9-годишна возраст. Сепак, повеќе луѓе гласале за него отколку за кој било конгресмен. Луѓето му верувале и му го дале својот глас. Тој го добил своето место во Сао Паоло каде што станал најдисциплинираниот заменик.

7. Мачорот Стабс

10 необични светски лидери кои ја кршат политичката монотонија

Сите жители на Талкитна, Алјаска биле воодушевени од нивниот градоначалник. Тој одлично се справувал со своите должности, а неговата тајна е тоа што е мачор. Стабс ја имал својата позиција од 1997-ма откога бил пронајден во кутија на еден паркинг, сè до неговата смрт во 2017-та година.

8. Дарт Алексеевич Вејдер

10 необични светски лидери кои ја кршат политичката монотонија

Тој бил кандидат за градоначалник во Киев и Одеса, Украина. Тој бил наречен „кандидатот со човечко лице“. Неговиот асистент, Чубака, сакал да се бори против корупцијата. И покрај сите ветувања, овој кандидат не постигнал некој значаен резултат.

9. Карл XVI Густав

10 необични светски лидери кои ја кршат политичката монотонија

Овој човек е кралот на Шведска. Тој го освои светот со многуте негови капи кои не сака да ги извади ниту на социјалните настани. Има колекција од алуминиумска капи, рогови, очи на жаба, шлем на астронаут… Покрај тоа, Карл е и еколог. Вози хибриден автомобил и се обидува да го отстрани месото од својата исхрана.

10. Џастин Трудо

10 необични светски лидери кои ја кршат политичката монотонија

Речиси целиот свет го сака Џастин, и веројатно има причина за тоа. На пример, тој има храброст да носи шарени чорапи на официјални настани. Исто така сака панди, вежба јога и изгледа како навистина забавен човек.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар