10 необични јазици во кои не е вклучен говорот
6. Дамин
Јазикот дамин всушност значи „да се биде тивок“ и претставува јазик со кликање од Австралија. Ова е единствениот ваков јазик што е забележан надвор од Африка. Создаден е од луѓето Лардил и се користел до 1970-тите од страна на мажите во текот на церемониите. Има околу 150 основни зборови од кои секој може да има неколку значења.
7. Бедуински знаковен јазик
Додека најпознатиот јазик без говор е американскиот знаковен јазик, постојат илјадници разни видови на знаковни јазици. Овде спаѓа јазикот на бедуинското племе Ал Саид. Оваа заедница има околу 3.000 луѓе и има неверојатно висока стапка на глувост поради генетско нарушување. Моментално околу 150 луѓе, односно 5% од населението е глуво. Поради ова почнал да се формира знаковниот јазик во средината на 20-тиот век и се смета како втор јазик на племето.
8. Јазикот со свирење хмонг
Ако некогаш се најдете на Хималаите помеѓу луѓето Хмонг, сигурно ќе слушнете нешто што наликува на пеење на птици. Овие луѓе „кажуваат“ цели реченици на растојание и до 9 километри со помош на свирење. Јазикот е исто така и многу романтичен. Момчињата шетале по околните села навечер и ги свиркале нивните омилени поеми. Ако некоја девојка одговорела, почнувале да флертуваат.
9. Пираха
Јазикот пираха на далечното племе Пираха од амазонските дождовни шуми е навистина едноставен. Има само 8 согласки и 3 самогласки. Но недостатокот на букви се надополнува со звуци. Јазикот употребува комплексни тонови со разна должина за да се разликуваат 11-те букви. Она што е интересно е тоа што во зборувањето често се запоставувале согласките и самогласките, па луѓето така се ослободиле и од говорот. Јазикот го зборуваат 800 луѓе кои понекогаш пеат или свират.
10. Тапан за зборување
Овој јазик се употребува во Западна Африка и е традиција долга со векови. Овој јазик имал голема улога и во продавањето робови. Се употребува „тапан за разговор“ со кој се имитира тонот и акцентот на говорот. Киднапираните локални жители можеле да комуницираат на голема далечина едни со други, па јазикот се проширил помеѓу робовите низ целиот свет. Поискусните создаваат цели реченици не само со тапанот, туку и со жиците со кои се контролираат акордите. Иако јазикот можеби се употребува и денес помеѓу пријатели, најчест е во музиката во Западна Африка.
Знаете ли кои се најтешките јазици за учење?