10 необични физички карактеристики што се сметаат за привлечни во различни земји ширум светот
6. Блед тен – Кина, Тајланд
Во многу делови од Азија, бледата кожа претставува највисокиот стандард за убавина. Ако отидете во продавница за да купите крема за лице, мали се шансите дека ќе најдете производ што не содржи состојки за избелување. Ова важи и за препаратите што ги користат мажите по бричење. Многу Кинези не одат на плажа без маска, бидејќи сакаат да ја заштитат кожата од сончевите зраци. Освен тоа, жените од Кина и Тајланд мислат дека луѓето од западните земји се луди поради тоа што одат во солариум.
7. Високо чело – Племето Фула во Африка
Според племето Фула од Африка, најважниот атрибут што жените треба да го поседуваат е високото чело. Поради оваа причина, некои жени отстрануваат делови од косата за да создадат илузија дека навистина имаат високо чело. Сличен обичај бил забележан во средновековна Европа кога жените отстранувале половина од косата на врвот од главата.
8. Долг врат – Бурма
Еден од пределите во источна Бурма се нарекува „земјата на жените жирафи“. Името се однесува на жените од племето Кајан кои живеат таму и носат прстени од месинг околу нивните вратови. Се верува дека колку подолг врат има некоја личност, толку поубаво изгледа. Според легендите, овие прстени ги заштитуваат жените од тигри иако во реалноста на овој начин тие го зачувувале идентитетот на нивното племе.
9. Истегнати усни – Племето Мурси
Во племето Мурси во Етиопија, девојчињата учат како да ја истегнуваат кожата на нивните долни усни со помош на посебни плочи. Колку што е поголема плочата толку е повисок социјалниот статус на девојчето и толку поголем мираз треба да се плати пред бракот. Постојат две теории околу причината за оваа необична традиција. Луѓето од племето Мурси мислат дека злите духови влегуваат во луѓето преку нивната уста и плочите служат за да ги спречат. Според другата теорија, племето почнало да го прави ова за да не им ги земат жените како робинки.
10. Споени веѓи – Таџикистан
Во некои предели од Таџикистан, споените веѓи се сметаат за знак на женската убавина. Ако природата не ја надарила девојката со оваа привлечна особина, таа може да си нанесе црна шминка меѓу веѓите за да ги спои. Луѓето таму веруваат дека споените веѓи се показател на тоа дека личноста ќе има среќен живот.
Овие стандарди за убавина според некои се интересни, а според други делуваат примитивно. Но, помислете на нашите современи стандарди за убавина! Правиме дупки во ушите и ставаме обетки, одиме во неудобни чевли на високи потпетици за да си ги издолжиме нозете… Можеби и овие навики се чудни за луѓето од различни земји ширум светот!
Доколку ве заинтересира оваа тема, дознајте дали постои глобален стандард за убавина.