10 необични факти за сетилото за вкус
6. Вкусот на водата
Речиси секој чувствува дека водата нема вкус. А ако има, тоа е најчесто поради хемикалиите во водата од чешмата, или поради садот во кој била складирана. Но научниците не се согласуваат со ова. Ако водата навистина нема вкус, тогаш начинот на пиење на животните нема смисла. Бидејќи водата е клучна за опстанок, логично е да знаеме како да ја идентификуваме по мирис и вкус. Всушност, клетки за детектирање вода постојат кај водоземците и инсектите. Има знаци дека овие клетки можеби се наоѓаат и кај цицачите.
Кога животните чувствуваат жед, оваа сензација е активирана од хипоталамусот. Истиот дел од мозокот им кажува и кога да престанат да пијат. Но повеќето животни престануваат долго пред стомакот да му каже на мозокот дека е полн. Единственото објаснување кое останува е дека устата и јазикот испраќаат порака до мозокот. За да го направи ова, јазикот мора на некој начин да ја вкуси водата. И покрај овие теории, истражувачите знаат многу малку за тоа како сигналите за вода стигнуваат од устата и грлото до мозокот.
7. Цревата имаат рецептори за вкус
Можеби звучи неверојатно, но ова е вистина. Устата е почетокот на долгиот отвор познат како гастроинтестинален тракт, во кој спаѓаат и цревата. Сепак рецепторите за вкус во цревата функционираат поразлично од оние на јазикот. Оние во јазикот со помош на вкус му кажуваат на мозокот што се наоѓа во устата. Со рецепторите во цревата нема да почувствувате вкус, но ќе знаете дали сте гладни или сити. Штом мозокот ќе „вкуси“ дека има нешто во стомакот, тој дава наредба за варење. Со ова се одржува нивото на шеќер во крвта. Ако има проблем со рецепторите во стомакот, може да настане зголемување на телесната тежина или проблем со апсорбирањето гликоза. Понатамошното истражување на овие рецептори може да го направи полесно контролирањето на дијабетесот и дебелината.
8. Бобинка која менува вкус
Мала црвена бобинка од западна Африка прави оцетот да има вкус на течен шеќер. Интересно е што оваа „чудотворна бобинка“ нема вкус, но штом ќе ја изедете веќе нема да ви биде страв од лимони. Чудотворните бобинки ја претвораат секоја кисела храна во многу слатка. Тие содржат протеин кој ги прекрива рецепторите за слатко. Кога устата е неутрална (ни алкална, ни кисела) овие протеини ги блокираат другите слатки вкусови. Тие дури може целосно да го намалат сетилото за вкус, па од овде бобинката нема никаков вкус. Станува интересно кога ќе се додаде нешто кисело. Протеинот краде неколку протони, ја менува формата и ги менува рецепторите за слатко, правејќи ги многу чувствителни.
9. Виртуелни вкусови
Неодамна научниците почнале да работат со постари луѓе и пациенти кои имале хемотерапија или радиотерапија. И ракот и стареењето може значително да го намалат сетилото за вкус. Пристапот на истражувачите е навистина креативен. Тие користеле прибор за јадење кој виртуелно го подобрувал вкусот на храната. Сакате кисела лимонада? Тие измислиле чаша која може да ја зголеми или намали киселоста. Друга направа, паметна лажица, може да го создаде или да го замени вкусот на некој оброк. Можете да ја регулирате киселоста, горчливост и соленоста на секој залак. Користејќи мали сребрени електроди, вкусовите се пренесуваат до рецепторите со електрични пулсови. Научниците се надеваат дека ова откритие можеби ќе има и друга примена. Може конечно ќе бидете во можност да седнете во некоја виртуелна околина и да пробате некој виртуелен чипс.
10. Луѓе кои вкусуваат зборови
Можеби звучи како фантазија, но некои луѓе вкусуваат зборови. Дури имаат и име – синестети. Луѓето кои имаат синестезија искусуваат преклопување на сетилата како што се вид, слух, допир или вкус. Најретки од оваа група се оние кои вкусуваат зборови. Кога ги тестирале тие дури ги почувствувале вкусовите на непознати имиња на храна. Кога повторно биле повикани по многу години, тие го помнеле вкусот на сè. Оваа прецизност од 100% е она што ги издвојува синестетите од другите. Луѓето кои не спаѓаат во оваа група, би ги заборавиле вкусовите кои ги пробале за неколку денови. Додека обични зборови предизвикувале чудни вкусови, имињата на видови храна предизвикувале вкус на самата храна. Зборот чоколадо имал вкус на чоколадо. Истражувачите откриле дека одредени гласови во зборот, наместо самиот збор, го предизвикуваат вкусот.
Причината зошто едно или повеќе сетила се мешаат останува неразјаснета. Според една теорија секој е роден со оваа способност, со поврзани сетила во мозокот. Но тие се одделуваат со текот на времето. Кај синестетите овој процес не се одвива до крај и остануваат активни врските помеѓу сетилата.
Дали знаете колку сетила има човекот?