10 необични факти за кралското семејство што сигурно не сте ги знаеле досега
6. Како принцовите го минуваат нивното слободно време?
Изминативе 2 години, Вилијам бил пилот за источноанглиската воздушна амбуланта. Неговите смени траеле околу 9,5 часа (околу 20 часа неделно), а неговата плата ја донирал во добротворни организации. На 27-ми март, 2017-та година Вилијам ја напушти работата.
Тој ја започнал неговата пилотска кариера во 2008-ма година кога се приклучил на единица за барање и спасување на воздушната воена сила на Британија. Работел овде до 2014-та година. Сега, на 35-годишна возраст, Вилијам сака да се посвети на иднината на кралското семејство.
И принцот Хари има одлична воена кариера. Тој бил два пати во Авганистан и еднаш служел како пилот на воен хеликоптер. Подоцна добил и медал за неговото учество во битките. Кога од безбедносни причини принцот беше тргнат од армијата, тој почна да организира спортски настани за повредените војници.
7. Како ѝ се обраќаат на кралицата членовите од кралското семејство?
Другите возрасни членови на семејството имаат должност да ѝ се обраќаат на кралицата со „Ваше височество“. Дури и нејзиниот син Чарлс мора да го следи ова правило пред да ја нарече мамо.
Принцот Џорџ ја нарекува кралицата Ген-ген. Тоа е негов начин да каже прабаба (great-grandmother).
8. Кралицата е навистина скромна
Елизабета е навистина скромна и е пример за сите нејзини слуги. Познато е дека секогаш ги исклучува светилките кога излегува од просторија и инсистирала и другите да го прават тоа. Таа исто така го користи истиот лак за нокти со години, уште од 1989-та година. Цената на едно шишенце е околу 8 евра.
9. Кои држави кралицата ги посетува најчесто?
Кралицата патува во странство во согласност со препораките на британската влада. Па, ги посетува оние држави во кои треба да биде присутна поради некој настан. Од нејзиното седнување на престолот во 1952-ра година, Елизабета посетила над 120 држави. Најпосетената е Канада (27 пати), а веднаш по неа Австралија (18 пати).
10. Скандалозна фотографија од Елизабета како прави нацистички поздрав
Во 2015-та година беше објавена фотографија од 1933-та година на која се гледаат 7-годишната Елизабета, нејзината мала сестра, нејзината мајка и нејзиниот чичко Едвард како прават нацистички поздрав. Кралското семејство беше навистина разочарано што фотографијата била земена од приватната колекција на кралицата и експлоатирана на овој начин. Тие сметаат дека историскиот контекст е единственото нешто што е важно – тоа е фотографија на која е прикажано како семејството си игра, а таа гестикулација била доста честа во минатото.
Прочитајте ги и овие урнебесни цитати кои докажуваат дека кралското семејство има смисла за хумор.