10 навидум едноставни прашања кои никој не може да ги одговори - Part 2

10 навидум едноставни прашања кои никој не може да ги одговори

6. Зошто не можеме да одиме право со затворени очи?

(6)10-navidum-ednostavni-prashanja-koi-nikoj-ne-mozhe-da-gi-odgovori-kafepauza.mk

Обидете се да одите по права линија со затворени очи. Ќе забележите дека колку и да сте внимателни најверојатно ќе се движите во круг. Луѓето го прават ова кога немаат одредена цел пред себе, а никој не знае зошто. Научниците имаат направено неколку експерименти и заклучиле дека колку е потемно небото, толку повеќе луѓето одат во круг. Но причината не ја откриле. Некои научници сметаат дека ова е поради доминантноста на мозокот, а други сметаат дека причината е различната должина на нозете. Сепак, истражувањата само покажале дека секоја теорија за ова е погрешна.

7. Зошто работи анестезијата?

(7)10-navidum-ednostavni-prashanja-koi-nikoj-ne-mozhe-da-gi-odgovori-kafepauza.mk

Без разлика колку уверено изгледа анестезиологот, тој не знае зошто таа функционира. Проблемот е што не можеме да разбереме како со анестезијата ја губиме свеста, сè додека не сфатиме што всушност претставува свест. Навистина е тешко да разберете како нешто се исклучува кога воопшто не знаете што е тоа нешто. И за ова постојат многу теории. Некои сметаат дека го попречува синхроницитетот помеѓу разните делови од кортексот. Други сметаат дека предизвикува квантни вибрации во микротубулите. Што е вистина, сè уште не се знае…

8. Зошто постојат деснаци и леваци?

(8)10-navidum-ednostavni-prashanja-koi-nikoj-ne-mozhe-da-gi-odgovori-kafepauza.mk

Околу 10% од луѓето се леваци. Можете да им речете да направат нешто со десната рака, но тоа ќе биде невозможно. Но не се чудни само леваците, чуден е целиот феномен на доминантна рака. Кај повеќето животни изгледа како да го нема ова, па што е проблемот со луѓето? Првата теорија е дека влијание имаат јазичните способности. Повеќето луѓе го „преработуваат“ јазикот во левата хемисфера, па моторните способности се групирале на другата страна кога сме почнале да зборуваме. Но, оваа теорија не ги објаснува леваците бидејќи и кај нив јазикот се преработува во левата хемисфера.

9. Како функционираат велосипедите?

(9)10-navidum-ednostavni-prashanja-koi-nikoj-ne-mozhe-da-gi-odgovori-kafepauza.mk

Кога добро ќе размислите, велосипедите се навистина чудни. Кога се статични тие паѓаат, но кога се во движење стојат исправено. Иако овој изум постои од 1818 година, научниците не знаат како всушност функционира. Една група научници се обидела да го објасни ова користејќи ја техниката на летање на авионите. Еден научник дури се обидел да направи велосипед кој нема да се вози. Но, секој велосипед што го направил возел совршено. Значи не само што не знаеме како функционираат, туку не знаеме ни како да ги „расипеме“ велосипедите.

10. Зошто зеваме?

(10)10-navidum-ednostavni-prashanja-koi-nikoj-ne-mozhe-da-gi-odgovori-kafepauza.mk

Сите луѓе зеваат, а тоа го прават и многу други животни. Без разлика што оваа појава е универзална, сепак не е познато зошто го правиме тоа. Некои луѓе сметат дека зевањето го намалува јаглеродниот диоксид и го зголемува нивото на кислород во крвта. Но проблемот со ова објаснување е тоа што ние зеваме само кога сме уморни. Логичното објаснување е дека зевањето има врска со мозокот, но изгледа дека тоа не го менува нивото на кислород во мозокот. Па зошто зеваме? Досега никој не успеал да го одговори ова прашање.

Погледнете и некои од најлудите мистерии кои до денес не се решени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар