10 научни теории што му предизвикале многу зло на човештвото - Part 2

10 научни теории што му предизвикале многу зло на човештвото

6. Хомеопатија: Болест се лечи со болест

10 научни теории што му предизвикале многу зло на човештвото

Хомеопатијата е една од гранките на алтернативната медицина и потекнува од Семјуел Ханеман. За да третираат некоја болест, докторите користат мала доза од лек кој би предизвикал болест во поголема количина. Во главно, хомеопатските лекови се разредени отрови. Понекогаш се толку разредени што стануваат вода. Клиничките експерименти покажале дека најчесто нема разлика помеѓу плацебо ефектот и ефектот од лековите. Научниците и истражувачите сметаат дека хомеопатијата е една од најголемите лаги на модерното време, но милиони луѓе низ целиот свет ја користат.

Светската здравствена организација предупредува дека користењето хомеопатија како алтернатива за многу болести е опасно по здравјето и животот.

7. Фокална инфекција: Треба да се отстрани заболениот орган

10 научни теории што му предизвикале многу зло на човештвото

Оваа теорија се прославила во 19-тиот век и била причина за многу непотребни операции. Докторите верувале дека штетните бактерии во човечкото тело можеби се одговорни за многу болести, па дури и за психоза. Поради ова, тие почнале да ги отстрануваат „потенцијално опасните“ органи, како слепото црево. Во Европа и Америка, лекарите не само што им ги ваделе забие на пациентите, туку ги отстранувале и нивните крајници.

Модерните истражувања покажале дека оваа теорија нема никаков научен доказ. Овие операции само им штетеле на пациентите, а токсините кои се лачеле од расипаните заби немале никакво влијание на здравјето.

8. Пуштање крв: Сите болести се поради вишокот крв

10 научни теории што му предизвикале многу зло на човештвото

Порано се верувало дека сите болести се појавуваат бидејќи во телото има вишок крв. Со пуштањето крв, пациентот се ослободувал од „лошата“ крв во организмот. Од модерна гледна точка, опасноста од овој третман е очигледна – инфицирање со валкани инструменти, загадување и слабеење на телото. Исто така постоела опасност од оштетување на артериите и обилно крвавење.

Овој метод бил популарен речиси 2.000 години, а се користи и денес. На пример во многу азиски држави, голем број болести се лекуваат на овој начин.

9. Френологија: Вашиот карактер зависи од формата на черепот

10 научни теории што му предизвикале многу зло на човештвото

Австрискиот доктор Франц Јозеф Гал верувал дека мислите, емоциите и менталните карактеристики на личноста имаат влијание на формата на мозокот. Тој направил и френолошка карта на која секоја зона од мозокот е одговорна за различна особина. Испакнатината би значела дека тој дел или карактеристика е развиена, додека вдлабнатината значела дека не е. Сепак, луѓето секогаш се обидуваат да оценат нечиј карактер гледајќи го лицето на соговорникот.

Со развојот на неврофизиологијата, се докажало дека формата на черепот и големината на мозокот немаат влијание на карактерот. Френологијата денес е класифицирана како псевдонаука.

10. Светски заговори: Со целиот свет владее мала група луѓе (или други суштества)

10 научни теории што му предизвикале многу зло на човештвото

Според оваа теорија, одредена група луѓе имаат контрола над ресурсите и политиката на целата планета. Наводно, ако ова е вистина, многу би му штетело на образованието. Според теоријата не можете да верувате никому – учители, научници, лекари, па дури ни себеси.

Дарвиновата теорија за еволуција, истражувањето на вселената и фактот дека сè уште нема вакцина против рак се објаснети со оваа теорија. Научникот и математичар Дејвид Грајмс направил формула со која докажал дека овој заговор е невозможен бидејќи брзо би се открил. Според неговите пресметки, „сценирањето“ на слетувањето на месечината би било мистерија само 3,7 години. Заговорот против вакцината за рак би постоел само 3,2 години.

Дознајте и кои теории на заговор можеби се вистинити.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар