10 начини на комуницирање што се најблизу до универзален јазик - Part 2

10 начини на комуницирање што се најблизу до универзален јазик

6. Музика

(6)10-vidovi-komunikacija-koi-se-najblizu-do-univerzalen-jazik-kafepauza.mk

Музиката често се смета за универзален јазик. Таа се користи за да се искажат чувства кои би било тешко да ги кажете со зборови. Музиката е повеќе како универзален јазик за ритамот. Ритамот е нешто што го делат сите култури преку танцување или музика, без разлика на видот на музиката или пак, инструментите кои се користат. Секој може да фати ритам, па дури и само со дланките. Мозокот реагира различно на различните комбинации на тоновите. Ние можеме да разликуваме мирна од брза музика, можеме да разликуваме тажна и среќна мелодија. Музиката се користи и во филмовите бидејќи го зголемува емоционалното реагирање на гледачот, па некогаш дури и навестува за следната сцена. Сепак, разните култури имаат разни стилови на музика, и со неа сепак не можете да прашате дали некој повеќе го сака Шопен или Лист.

7. 5-те најраспространети јазици

(7)10-vidovi-komunikacija-koi-se-najblizu-do-univerzalen-jazik-kafepauza.mk

Ако ни треба кандидат за говорен јазик со цел систем за пишување, има неколку избори. Иако во светот се зборуваат повеќе од 7.000 јазици, повеќето од нив имаат многу мал број зборувачи. Само 8 јазици имаат повеќе од 100 милиони зборувачи, а речиси 4.000 имаат помалку од 10.000 зборувачи. На пример, во Мексико се зборуваат 68 јазици, но „најзагрозен“ е Ајапанеко. „Мега јазиците“ кои владеат со светот е кинески (1,2 милијарди зборувачи), шпански (360 милиони), хинду (350 милиони) и арапски (250 милиони).

8. Англиски

(8)10-vidovi-komunikacija-koi-se-najblizu-do-univerzalen-jazik-kafepauza.mk

Англискиот јазик се истакнува над 5-те најраспространети поради многу причини. Тој е релативно лесен за учење, писмото му е лесно и се користи речиси секаде. Покрај тоа, кога ќе ги додадете луѓето кои го познаваат англискиот како втор, а не мајчин јазик, бројот на зборувачи значително се зголемува. Најверојатно англискиот го познаваат околу 2 милијарди луѓе ширум светот. Сепак, тој е јазикот на бизнисот, на науката, на технологијата, и се разбира на забавата бидејќи англиските филмови и музика се најпознати.

Но, англискиот сепак може да биде победен. Бројките покажуваат дека се појавува сè поголем интерес за францускиот. Исто така, поради засилувањето на Кина, многу родители чиј мајчин јазик е англискиот ги тераат своите деца да учат кинески.

9. Математика

(9)10-vidovi-komunikacija-koi-se-najblizu-do-univerzalen-jazik-kafepauza.mk

Овој јазик е универзален, бидејќи математиката е јазикот на природата. Таа го објаснува начинот на кој функционира светот, а неговото писмо е нумеричко. Броевите постојат во сите култури, а бројот Пи секаде ја има истата вредност. Додека основите на математиката, од собирање и геометрија, до калкулус, се исти, сепак броевите не се. Ако едно дете на македонски прочита 2+2=4, вие ќе слушнете „два плус два е четири.“ Броевите кои се користат на западот се базирани на арапските, но има големи разлики. Кинезите користат пиктограми и многу култури користат разно писмо кое се разликува од она кое нам ни е познато. Исто така, променливите се кодирани, и иако универзално признатите константи се постојани, кога ги кажувате на различен јазик тие се разликуваат. На пример, познатата равенка на Ајнштајн, E=mc² оригинално била напишана на германски.

10. Програмски јазици

(10)10-vidovi-komunikacija-koi-se-najblizu-do-univerzalen-jazik-kafepauza.mk

Компјутерите го вртат светот, од банкарство, до Интернет и потрагата по вонземен живот, сè ова е сведено на програмски јазик создаден од луѓето. Иако постојат илјадници програмски јазици, генералниот концепт ги прави универзални. Тие се напишани на јазикот на логиката и математиката користејќи симболи, и зборови најмногу од англискиот јазик. Програмските јазици потекнуваат од државите во кои англискиот е официјален јазик. Тие имаат вокабулар и синтакса исто како и вистинските јазици. Зборовите (како „print”) ги дефинираат функциите за извршување одредена работа, а симболите помагаат во организирањето на логиката и акциите (собери, подели, помножи).

Ако програмер во Јava зборува на кој било јазик, тој сепак ќе напише „print“ за да го натера компјутерот да покаже порака на екранот. Сепак, постојат и програмски јазици кои не се на англиски, а само мал дел од населението може да ги чита овие кодови, а уште помал дел може да напише програма.

Доколку пак сте планирале да научите некој нов јазик, погледнете ги овие бесплатни извори кои ќе ви помогнат во тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар