10 начини на коишто Земјата се промени во 2018-та година
6. Кревање на Антарктикот
Оваа година научниците открија дека една карпа на Антарктикот расте околу 41 милиметар годишно. Ова е најбрзиот забележан раст на континентот и најверојатно е поради топењето на мразот.
7. Островот што исчезнува
Еден мал остров во Хаваи оваа година исчезна. Ова се навистина лоши вести за загрозениот вид зелени морски желки од Хаваи, како и за загрозените хавајски фоки. Малиот Источен остров со површина од 0,04 километри, исчезна поради ураганот од категорија 5 кој донесе ветрови со брзина од 257 километри на час.
8. Островот што се лиза
Сеизмичкиот настан на 11-ти ноември покрај брегот на Мајоте, мал остров помеѓу Мадагаскар и Мозамбик, е полн со мистерии. Најпрво, го помрдна земјиштето 6 центиметри на исток и 3 центиметри на југ. Потоа испрати звук што го обиколи светот, но никој не го слушна. Звукот беше на единствена ултраниска фреквенција, што е чудно бидејќи сеизмичките бранови обично имаат повеќе фреквенции. Научниците сè уште се обидуваат да најдат објаснување.
9. Урагани и тајфуни
Оваа година беше навистина активна за ураганите, тајфуните и циклоните. Всушност, сите овие имиња го претставуваат истото нешто – брзи ветрови што се формираат над топли води. Во 2018-та година имаше 8 урагани од Атлантскиот и 13 урагани од Тихиот Океан, вклучувајќи го и оној што го зафати Хаваи.
10. Морничава дупка со кал
Во Јужна Калифорнија се појави каллив гејзир кој претставува закана за инфраструктурата на регионот. Овие мистериозните меури кал создадоа слој со површина од 2,230 метри квадратни и со длабочина од околу 5 метри. Гејзирот постепено се зголемува и им се доближува на автопатите и неколку скапи оптички кабли. Гејзирот се формира по неколкуте земјотреси коишто предизвикаа длабоки пукнатини, поради кои гасовите почнаа да се движат нагоре. Многу години гејзирот бил мирен, но сега нема начин да се спречи. Околу него бил изграден џиновски ѕид од челик и камења, но гејзирот едноставно поминал под него и продолжил да се шири.
Оваа година се случија и многу добри нешта, а можете да ги видете на овие илустрации.