10 начини на кои училиштето ги прави децата глупави и депресивни

10 начини на кои училиштето ги прави децата глупави и депресивни

Уште од 5-годишна возраст нè учат дека училиштето е важно и дека секој мора да помине низ него. Иако образованието и знаењето се навистина важни, постојат недостатоци во образовниот систем кои ги прават децата глупави и депресивни. Погледнете на кој начин училиштата ги „тераат“ децата да се претворат во возрасни со депресивни и празни животи.

10-nachini-na-koi-uchilishteto-gi-pravi-decata-glupavi-i-depresivni-kafepauza.mk

1. Не се цени индивидуалноста

Во училишната средина индивидуалните потреби на секое дете се занемарени поради големиот број ученици. Поради ова, не може да се откријат многу таленти и не се познати личните интереси на секое дете. Наместо да работат на она што им дава предност, децата се учени да размислуваат колективно.

2. Децата учат да живеат само за иднината, наместо да уживаат во моментот

Наместо да се учат децата да уживаат во животот, училиштето им кажува дека треба да го жртвуваат секој ден за доброто на следниот. Планирањето на иднината е важно, но треба да се ужива и во сегашните моменти.

3. Ги изедначува парите и успехот

Децата се учат дека добрите оценки ќе им помогнат да најдат добра работа. А добрата работа ќе им ги наполни џебовите. Со ова на децата им се всадува мислењето дека успехот е само џеб полн со пари.

4. Ги тера да се сомневаат во себе

Не потполнувајте нешто без да ја прашате учителката. Наставниците ги учат децата целосно да зависат од нив и да ги прашуваат за секоја одлука. Ова е многу лошо за развивање на независноста на децата.

5. Креативноста е згушена

Наместо да им дозволат да бидат креативни, на децата им се дава правилник за сè. Од секое дете се очекува да го почитува правилникот и да биде исто како другите.

6. Ги учат да се плашат од неуспех

Кога ќе им кажете на децата дека ќе изгубат сè или дека ќе ги избркаат од училиште поради една слаба оценка, тие ќе сфатат дека неуспехот значи завршена игра. Ова не е вистина во реалниот живот, и не треба да биде вистина во училиштето.

7. Ги учат што да мислат, а не како да размислуваат

Наместо да ги поттикнат детските умови да размислуваат сами за себе, училиштата им кажуваат на децата што да мислат. Ова може да биде навистина депресивно, особено за децата со креативен ум.

8. Од нив се очекуваат премногу работи

Како возрасни, многу ретко треба да вметнеме и дополнителни активности покрај работата. Но, од децата се очекува да одат на училиште, на курс по странски јазик и да учествуваат во други активности. Ова е преголем товар и за еден возрасен, а не пак за дете.

9. Ги учат дека играњето е лошо

Децата не смеат да си играат на одморите помеѓу часовите. Зошто? Бидејќи тоа не е работа на училиштето.

10. Постојано се групирани

Во зависност од нивниот успех, име, возраст и слично, децата се групирани уште од многу рана возраст. Поради ова тие се игнорирани како индивидуа и на нив се гледа само како дел од некоја група.

Прочитајте ја и оваа генијална порака која наставниците им ја испратиле на родителите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар