10 начини на кои медиумите манипулираат со нашето мислење
6. Повеќе емоции, помалку размислување
Вестите и емоциите секогаш одат заедно, а во тоа нема ништо добро. Емоциите не ви дозволуваат да ги согледате фактите критично и објективно. Тие го блокираат рационалниот дел од вашиот мозок. Многу често ова води до искривување на реалноста. Ова е причината зошто терминот „информациска војна“ не е заборавен и се користи често. Корисници од целиот свет се обидуваат да се држат настрана од него.
7. Неинформираност на луѓето
Медиумите и власта можат да манипулираат цело општество ако неговите членови не ги разбираат техниките. Ова се случува поради недостаток од образование. Чомски сметал дека пристапот до информации за елитата и обичните луѓе бил многу различен. Сепак, времињата се променија и дигиталната ера ни дозволува да дојдеме до речиси секоја информација која ни треба. Нивото на образование не може да биде фактор во оваа ситуација.
8. Охрабрување на луѓето да сакаат просечни продукти
На медиумите им е во ред да им кажуваат на луѓето дека е кул да бидете глупави, вулгарни и неучтиви. Токму поради ова има толку многу серии, филмови со продолженија, таблоиди и слично. Овие не се само за рекреација, туку и за одвлекување на вниманието од навистина сериозните проблеми.
9. Предизвикување чувство на вина
Целта на оваа стратегија е да ги натераат луѓето да се обвинуваат самите за локалните и глобалните проблеми. Луѓето се обвинуваат себеси за војни почнати од власта, не од нив. Во 2014 година се прослави фотографија од момче кое лежи помеѓу гробовите на неговите родители. Фотографијата беше презентирана како да е од воена зона. Всушност, фотографијата била дел од проект кој бил посветен за љубовта кон роднините. Авторот на фотографијата се шокирал кога дознал како била користена во медиумите.
10. Знаење за луѓето повеќе отколку што тие знаат за себе
Медиумите често се обидуваат да знаат сè за секого, но многу често ја преминуваат границата. Во 2005 година, британскиот таблоид „News of the World“ бил фатен на дело како ги прислушува славните политичари, па дури и членови на кралското семејство. Информациите кои биле добивани на овој начин се користеле за пишување ексклузивни текстови кои привлекувале многу читатели. Тужбите од славните и од обичните луѓе го затвориле таблоидот кој пак морал да плати и голема оштета.
Погледнете ги и овие неверојатни илустрации кои ја покажуваат нашата зависност од технологијата.