10 начини да станете бесмртни според древните митови - Part 2

10 начини да станете бесмртни според древните митови

6. Кинеска митологија: Праски

(6))10-nachini-da-stanete-besmrtni-spored-drevnite-mitovi-kafepauza.mk

Сан Вуконг, или Кралот мајмун, бил назначен како Заштитник на праските. Тој изел една и добил живот од 1.000 години. Тој бил фатен за овој криминал, но бидејќи бил бесмртен не можеле да го погубат. Тој тргнал во војна против рајот, но Буда успеал да го држи заробен 5 векови. Праските им биле дадени на боговите, па затоа тие се бесмртни.

7. Хиндуизам: Амрита

(7)10-nachini-da-stanete-besmrtni-spored-drevnite-mitovi-kafepauza.mk

На Санскрит, зборот амрита значи бесмртност. Боговите ја изгубиле нивната бесмртност поради клетва и сакале повторно да си ја вратат моќта. Тие се здружиле со нивните непријатели, Асура, кои им помогнале да направат нектар наречен амрита. Боговите успеале да ги измамат непријателите и сами го испиле нектарот. Некои јога мастери веруваат дека нектарот бил истурен на Земјата за да го скријат од непријателите.

8. Нордиска митологија: Златни јаболка

(8)10-nachini-da-stanete-besmrtni-spored-drevnite-mitovi-kafepauza.mk

На сите нордиски богови им се потребни овие јаболка за да ја одржат својата младост и бесмртност. Идун, божицата на пролетта била чувар на овоштарникот, но Локи успеал да ја измами и ја однел кај џинот Тиаси, заедно со сите јаболка. Поради ова, боговите почнале да стареат, а нивната моќ се намалила. Тие го присилиле Локи да ја спаси Идун и да ги врати овошките. Локи се претворил во сокол и успешно ја завршил мисијата, а боговите си ја вратиле својата моќ.

9. Грчка митологија: Амброзија

(9)10-nachini-da-stanete-besmrtni-spored-drevnite-mitovi-kafepauza.mk

Според легендата, амброзијата има вкус на мед и била пијалак на боговите од Олимп. Овој пијалак бил причината за нивната бесмртност. Некои смртници и полубогови ја имале честа да го пробаат овој пијалак, како на пример Херкул. Некои пак се обидувале да го украдат пијалакот. Еден од нив е Тантал кој бил казнет за ова. Тој бил оставен во река покрај овошно дрво. Но, никогаш не можел да ги достигне ни водата ни овошките, па бил осуден на вечен глад и жед.

10. Христијанство: Светиот грал

(10)10-nachini-da-stanete-besmrtni-spored-drevnite-mitovi-kafepauza.mk

Светиот грал е пехарот од кој Исус пиел на последната вечер. Постои легенда според која гралот е садот во кој Јосиф ја собрал крвта на Исус додека бил распнат. Една од најпознатите потраги по гралот е онаа на кралот Артур и неговите витези. Само оние со најчиста душа можеле да го држат, а сер Галахад станал бесмртен бидејќи тој бил единствениот кој го допрел.

Погледнете ги и овие чудни методи за продолжување на животот кои ги користеле луѓето во минатото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар