10 мудри совети од индиски гуру кои ќе ви ја разбудат свеста

10 мудри совети од индиски гуру кои ќе ви ја разбудат свеста

Ошо бил духовен учител, мистик, гуру и филозоф роден во Индија, чии дела се издадени во преку 200 светски издавачки куќи и преведени на повеќе од 60 јазици. Неговата комуна, сега позната како медицинско одморалиште, е една од главните туристички атракции во Индија која нуди широк спектар на медитациски вежби. Тој е познат по неговите критики на социјализмот и институционалните религии и имал отворен карактер кон спиритуалните учења и духовните традиции. Во продолжение следуваат 10 од неговите најпознати цитати кои без сомнение ќе ве натераат да се замислите.

Ошо Рајнеш: 10 мудри совети кои ќе ви ја разбудат свеста

„Луѓето сѐ прифаќаат толку сериозно, што станува товар за нив. Учете повеќе да се смеете. За мене смеењето е исто толку свето како и молитвата.“

„Секое делување веднаш носи резултати. Само бидете будни и набљудувајте. Зрел човек е оној кој се открил себеси и сфатил што е за него правилно, а што не е. Благодарение на тоа, тој има голема самодоверба и дури и целиот свет да зборува нешто друго, тоа ништо нема да промени. Тој има свое искуство на кое може да се потпре и тоа му е доволно.“

„Сите ние сме единствени. Никогаш и никого не прашувајте го што е правилно, а што не. Животот е експеримент во чиј тек треба да научиме што е добро, а што лошо. Понекогаш можеби ќе постапите погрешно, но тоа ќе донесе и ново искуство од кое ќе имате корист.“

„Постојат моменти кога Бог тропа на вашата врата. Тоа е љубовта. Преку жените, мажите, децата, цвеќињата, зајдувањето на сонцето или изгревањето… Бог може да тропне на вратите на милиони луѓе, на најразлични начини.“

„Желбата да се биде необичен е еден многу обичен избор. Опуштете се и бидете обични и така ќе бидете необични.“

„Животот е мистерија. Невозможно е да се предвиди. Постојат многу луѓе кои сакаат да живеат предвидлив живот, бидејќи тогаш нема страв. Сѐ би било определено и не би постоел сомнежот.“

„Прво бидете осамени. Прво почнете да добивате задоволство од самите себеси. Прво станете толку автентично среќни, што нема да има никакво значење ако некој дојде или не. Вие сте исполнети. Ако никој не затропа на вашата врата, сепак сѐ е во ред – вие ништо не пропуштате. Вие дури и не очекувате дека некој ќе дојде и ќе тропне. Вие сте дома. Ако некој дојде – одлично, преубаво. А, ако никој не дојде – одлично, преубаво. Тогаш ќе можете да имате контакт со другите. Тогаш ќе можете да бидете домаќин, а не роб. Цар, а не сиромав.“

„Ако си богат, не размислувај за тоа. Ако си сиромашен, својата сиромаштија не ја сфаќај сериозно. Ако имаш можност да живееш во светот, сети се дека тој е само театар и ќе бидеш слободен. Патењето нема да те допре. Тоа е резултат од сериозниот однос кон животот. Блаженството е резултат на играта. Прифати го животот како игра, радувај му се.“

„Смелост – тоа е движење во непознатото, без оглед на сите стравови. Смелост – тоа е бестрашност. Таа се случува кога вие станувате сѐ посмели и посмели. Тоа високо искуство на смелоста е бестрашност. Смелост која станала апсолутна. На самиот почеток, разликата помеѓу страшливиот и смелиот и не е толку голема. Страшливиот ги слуша своите стравови и ги следи, а смелиот ги остава на страна и оди понатаму. Смелиот оди во непознатото, и покрај сите стравови.“

„Вие се менувате во секој момент. Вие сте река. Денес таа тече во еден правец. Утре – во друг. Никогаш не сум видел едно исто лице два пати. Тоа се менува. Тоа постојано се менува. Но, треба да се имаат проникливи очи за тоа да се види. Во спротивно, паѓа темнината и сѐ станува исто. Се чини како сѐ веќе да се случило. Слушајте свесно. Разбудете се. Кога ќе почувствувате дека ви снемува сила, поттикнете се. Себеси, а не другите. Отворете ги очите. Разбудете се. Слушнете повторно.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар