10 морничави приказни за мртвите кои се обидувале да стапат во контакт со живите - Part 2

10 морничави приказни за мртвите кои се обидувале да стапат во контакт со живите

6. Виолетови цветови

(6)10-mornichavi-prikazni-za-mrtvite-koi-se-obiduvale-da-stapat-vo-kontakt-so-zhivite-kafepauza.mk

Винто Скарабело ја изгубил сопругата во август, 2014 година, после речиси 64 години брак. Вдовецот си дал задача да го посетува гробот најчесто што може, особено во недела. Тој берел цвеќиња од неговата градина и ги носел на гробот. Секогаш кога одел да ги замени старите цветови со нови, старите биле виолетови. Винто однел неколку различно обоени цветови, но и тие се претворале во виолетови. Иако градинарите имаат рационално објаснување за овој феномен (цветовите стануваат виолетови како што стареат), Винто верува дека станува збор за чудо, бидејќи виолетовата ѝ била омилена боја на неговата сопруга.

7. „Момчето заврши добра работа“

(7)10-mornichavi-prikazni-za-mrtvite-koi-se-obiduvale-da-stapat-vo-kontakt-so-zhivite-kafepauza.mk

Актерката Морин Липман ја завршила автобиографијата на нејзиниот сопруг откако тој починал во 2004 година. Таа дури се глумела себеси во адаптацијата со наслов „Последната изведба на Џек Розентал“ (Jack Rosenthal’s Last Act) во 2006 година. Неколку години подоцна таа ја читала првата верзија на романот на нејзиниот син и била навистина строга со критиките. Романот имал лик кој се вика Енк, и Морин му дала неколку совети на син ѝ за подобрување на приказната. Кратко после овој настан, таа добила порака на телефонот од нејзиниот починат сопруг: „Момчето заврши добра работа – Енк.“

8. Пеперуга

(8)10-mornichavi-prikazni-za-mrtvite-koi-se-obiduvale-da-stapat-vo-kontakt-so-zhivite-kafepauza.mk

Аманда ја изгубила својата ќерка која имала 6 години и боледувала од рак. Неколку години подоцна, Аманда се омажила. Бидејќи сакала и нејзината ќерка да биде дел од свадбата, таа го замолила фотографот да ја вклучи и неа во фотографиите. Мајката исто така планирала да пушти неколку пеперуги во чест на својата ќерка. Како што ги ослободила пеперугите, една од нив останала и слетала на нејзиниот фустан. Момчето и невестата се расплакале од среќа и веруваат дека пеперугата е знак дека нејзината ќерка е среќна за мајка ѝ и дека може да продолжи кон следното поглавје од животот.

9. Насмеан лик

(9)10-mornichavi-prikazni-za-mrtvite-koi-se-obiduvale-da-stapat-vo-kontakt-so-zhivite-kafepauza.mk

Љубителите на кучиња се сложуваат дека нивните крзнени пријатели се многу повеќе од животни. Тие се како членови на семејството. Семејството Калаган го мислело ова за Бандит, куче кое го спасиле и го одгледале. Бандит имал многу проблеми со здравјето и морал да подлегне на неколку операции. За жал, последната не ја преживеал. Бандит имал 15 години кога починал и оставил голема празнина во срцата на неговото семејство.

Два дена по неговата смрт, Кејти Калаган излегла во дворот и забележала дека садот за вода на Бандит сè уште стоел надвор. Таа се наведнала да го земе, и видела нешто неверојатно. Водата во садот формирала насмеано лице. Кејти верува дека ова е порака од Бандит кој сака да им каже дека е во ред и дека нема потреба да се грижат за него.

10. Птица

(10)10-mornichavi-prikazni-za-mrtvite-koi-se-obiduvale-da-stapat-vo-kontakt-so-zhivite-kafepauza.mk

Џек Робинсон починал од тумор на мозокот кога имал само 4 години, во 2014 година. Зад него ги оставил родителите, неговиот идентичен брат близнак и 3-те сестри. Неговата мајка, Мери, редовно го посетувала неговиот гроб, но нешто многу чудно се случило на 1-ви април, 2017 година, на годишнината од неговата смрт. Чувствувајќи се тажно, Мари го замолила нејзиното дете да ѝ даде знак дека е во ред.

Додека седела до гробот, една птица ѝ слетала на стапалото. Птицата одлетала, но застанала на еден гроб во близина и ја гледала. Мари била вчудовидена и посегнала по својот телефон за да го сними настанот. Во тој момент птицата ѝ застанала на раката и продолжила да ја гледа. Мери верува дека ова е знакот кој го побарала.

Прочитајте и некои од најморничавите урбани легенди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар