10 морничави и нејасни нерешени мистерии - Part 2

10 морничави и нејасни нерешени мистерии

6. Изгубениот рудник Сублет

(6)10-mornichavi-i-nejasni-neresheni-misterii-kafepauza.mk

Се смета дека планините Гвадалупе, лоцирани во западен Тексас, се дом на еден од најбогатите рудници за злато. Бен Сублет, рудар, кој живеел во 19-тиот век наводно пронашол рудник од кој неделно можел да вади злато во вредност од 10.000 долари. За жал, единствениот доказ за овој рудник е една дупка во земјата која е голема колку еден човек.

Познат како пијаница и лажго, Сублет една ноќ ја посетил локалната меана и најавил дека сите пијачки биле на негова сметка. Многу неуспешни обиди биле направени за да се дознае неговата тајна, а некои дури и го следеле за да ја откријат локацијата на рудникот. До денес никој не знае каде се наоѓа овој рудник, а научниците сметаат дека нема никакво злато во овие планини.

7. Инцидентот во Аурора

(7)10-mornichavi-i-nejasni-neresheni-misterii-kafepauza.mk

Аурора е град во Тексас со голем потенцијал да се прослави. На 19-ти април, 1897 година, летачки објект со цилиндрична форма, кој бил забележан неколку пати претходните недели, се срушил во близина на градот. Пилотот загинал, а жителите велат дека телото е закопано на нивните гробишта, но не дозволуваат да биде откопано. За работите да бидат уште полоши, гробот на „вонземјанот“ не е обележан. Приказната вели дека НЛО се судрил со една ветерница и леталото експлодирало. Телото добило „христијански погреб“ а остатоците од леталото биле фрлени во бунарот.

8. Црниот мавзолеј

(8)10-mornichavi-i-nejasni-neresheni-misterii-kafepauza.mk

Лоциран на гробиштата во Единбург, Црниот мавзолеј е гробот на сер Џорџ Мекензи. На почетокот на 1999 година, луѓето почнале да гледаат работи во близина на неговиот гроб и забележувале „студени места“, а видливи изгореници и модринки се појавувале на луѓето кои биле на гробиштата. Речиси 450 сведоци го потврдиле ова, а 100 од нив изгубиле и свест. „Нападите“ продолжиле и откако гробот на Мекензи бил добро затворен. До денес нема никакво објаснување за овој феномен.

9. Застрашувачката светлина Хорнет

(9)10-mornichavi-i-nejasni-neresheni-misterii-kafepauza.mk

Оваа светлина била забележувана уште од 1866 година и се појавува на местото познато како „Шеталиште на ѓаволот“ во Оклахома. Феноменот претставува портокалова топка светлина која „шета“ на патот долг 6,4 километри. Според легендите, овој феномен прв пат бил забележан од Индијанците. Никој нема несакани ефекти од светлината, таа едноставно се појавувала, се движела со голема брзина и исчезнувала.

10. Убиството на Гели Раубал

(10)10-mornichavi-i-nejasni-neresheni-misterii-kafepauza.mk

Ангела „Гели“ Раубал била млада жена која пораснала во Германија во раниот 20-ти век. Нејзиниот живот завршил кога извршила самоубиство на 18 септември, 1931 година. Пиштолот кој го употребила припаѓал на нејзиниот чичко, а можеби и љубовник, Адолф Хитлер.

Раубал го придружувала Хитлер на сите патувања, и со тек на време се вселила во неговиот дом како слугинка. Постојат тврдења дека таа и Хитлер се расправале ноќта пред нејзината смрт бидејќи таа сакала да оди во Виена за да се омажи. Хитлер ја објаснил нејзината постапка така што изјавил дека Раубал била нервозна поради некој рецитал. Не била пронајдена никаква порака од неа, но имало неколку повреди на нејзиното тело, вклучувајќи и скршен нос. Постојат гласини дека Хитлер ја убил Раубал. Еден новинар кој го истражувал случајот бил уапсен од нацистите веднаш штом бил спремен да го објави своето откритие. Неколку месеци подоцна бил погубен. До денес не е познато што навистина се случило со Гели Раубал.

Погледнете ги и овие интересни филозофски мистерии кои веројатно нема да ги решиме во скоро време.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар