10 митски суштества кои не знаевте дека навистина постоеле
6. Чупакабра
„Видувањата“ на чупакабра започнале во Пуерто Рико во 1990-тите, па овој мит спаѓа во „модерните“. Но, не грижете се. Науката има објаснување за овие ѕверови кои цицаат крв. Наводно, чупакабра е еден вид којот кој страда од инфекција на кожата што ја објаснува неговата крвава појава.
7. Грифин
Пола лав и пола орел, сигурно грифинот е мит, се согласувате? Па, и да и не. Историчарката Адриен Мајор смета дека митовите за грифинот потекнуваат од древните рудари на злато. Тие откриле фосили од протоцераптос, кој имал четири нозе и голем клун.
8. Еднорог
За жал не станува збор за еднорозите кои сите ги сакаме. Овие еднорози не изгледаат толку привлечно. Станува збор за сибрискиот еднорог кој наликува на лос и носорог.
9. Киклоп
Старите Грци многу често ги правеле митовите според светот во кој живееле. На пример, многу од нивните ѕверови потекнуваат од коски кои Грците ги ископале. Во случајот со киклопот, историчарите веруваат дека Грците налетале на коските на Динотериум гигантизам. Овој роднина на слоновите има огромна дупка на черепот каде што се наоѓала сурлата, па ете го митот за киклопот.
10. Бигфут
Бигфут е миленик во северна Америка. Овој влакнест ѕвер бил забележан многу пати во густите шуми на САД и Канада. Како што е традицијата, сите слики од ѕверот се со слаб квалитет. Сепак ова не ги спречува многу луѓе да веруваат дека тој навистина постои.