10 митови за алкохолот во кои не треба да верувате
6. Антибиотици и алкохол е опасна комбинација
Всушност, само одредени антибиотици не се компатибилни со алкохол. Ако земате од нив и пиете алкохол може да се чувствувате слабо, да ви се гади и да почувствувате болка во градите. Вашиот лекар ќе ве предупреди ако ви препише такви антибиотици. Повеќето од нив нема да ви наштетат ако испиете чаша вино.
7. Не треба да ја намалувате јачината на алкохолот што го пиете
Всушност ако пиете виски, а потоа пиво, нема да се случи ништо лошо. Не е важен редоследот на пијалаците, важна е количината.
8. Алкохолот е калоричен
Ова не е точно, но алкохолот може да влијае на вашиот метаболизам. Вашето тело се обидува да се ослободи од алкохолот што е можно побрзо бидејќи го третира како отров. Па вашиот метаболизам забавува сè додека не се исфрли целиот алкохол од телото. Сè што сте изеле пред да пиете се претвора во масти.
9. Алкохолот ги уништува мозочните клетки
Истражувањата покажале дека нема разлика во густината на невроните помеѓу луѓето кои пијат и луѓето кои не пијат алкохол. Сепак, алкохолот ги уништува нервните патишта, а ова може да го спречи создавањето на нови мозочни клетки. За среќа, оваа штета е поправлива и патиштата се обновуваат штом ќе престанете да консумирате алкохол.
10. Ако јадете многу нема да се опиете
Ова е многу позната заблуда. Сепак, големото количество храна нема да ви помогне да останете трезни. Храната во вашиот стомак само го забавува апсорбирањето на алкохолот. Бидејќи личноста не ги забележува првите знаци на пијанство, може да испие повеќе од планираното.
Погледнете и зошто никогаш не треба пиете алкохол со енергетски пијалак.