10 митови во кои веруваме поради моќта на рекламите - Part 2

10 митови во кои веруваме поради моќта на рекламите

6. Постојат лоши зеленчукови масла со холестерол

(6)10-mitovi-vo-koi-veruvame-poradi-reklamite-kafepauza.mk

Вистината: Ниту едно зеленчуково масло не содржи холестерол, само путерот влегува во оваа категорија.

Како настанал митот: Уште еден маркетиншки трик. Кога текстот почнува со „Не содржи…“ вниманието на купувачите е привлечено и тие мислат дека купуваат посебен вид масло.

7. Пивото и соковите ја намалуваат жедта

(7)10-mitovi-vo-koi-veruvame-poradi-reklamite-kafepauza.mk

Вистината: Пијалаците кои содржат шеќер и алкохол всушност предизвикуваат жед.

Како се појавил митот: Секоја реклама за безалкохолен пијалак нагласува дека треба да се консумираат кога времето е топло. Производителите го кријат фактот дека единственото нешто што може да ја згасне вашата жед е обичната вода.

8. Сланината и јајцата се совршениот појадок

(8)10-mitovi-vo-koi-veruvame-poradi-reklamite-kafepauza.mk

Вистината: Нема убедливо истражување за влијанието на појадокот на формата на телото.

Како настанал митот: Во 1920-тите, на експертот Едвард Бернајс му била дадена задача да ја зголеми продажбата на сланина во САД. Тој нарачал истражување кое потврдило дека обилниот појадок е подобар. За да биде задоволувачки, појадокот мора да содржи сланина. На купувачите им се допаднала оваа логика. Оттогаш 70% од сланината се консумира наутро, и тоа не само во САД, туку низ целиот свет.

9. Постојат апчиња против болка само за жени

(9)10-mitovi-vo-koi-veruvame-poradi-reklamite-kafepauza.mk

Вистината: Постојат комплексни лекови кои имаат антиспазмодични, аналгетски и антиинфламаторни својства.

Како настанал митот: Болките за време на менструалниот циклус се честа појава кај жените. Па, фармацијата го искористила ова за да заработи повеќе. „Обичните“ лекови за болка се евтини, па ќе остварат повеќе профит ако ги продаваат истите лекови но со натпис дека се со подобрена формула само за болки во менструалниот циклус.

10. Гумените бонбони со овошен вкус се за деца

(10)10-mitovi-vo-koi-veruvame-poradi-reklamite-kafepauza.mk

Вистината: Во составот на овие бонбони има желатин, шеќер, скроб и боја за храна, но нема овошје.

Како се појавил митот: Тоа што имаат интересна форма не ги прави гумените бонбони безбедни и корисни за децата. Во ред е ретко да им дозволувате да ги консумираат, но само кога се од познат производител.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар