10 мистериозни работи кои биле пронајдени под вода - Part 2

10 мистериозни работи кои биле пронајдени под вода

6. Подводниот град на Куба

(6)10-misteriozni-raboti-koi-bile-pronajdeni-pod-voda-kafepauza.mk

Во 2001 година, компанијата Advanced Digital Communication открила подводен град кој зафаќа површина од околу 3 километри квадратни. Градбата се наоѓа на длабочина од околу 600 метри и се верува дека е стара 50.000 години. Исто така се верува дека е направена од луѓе, а ако ова е вистина, оваа градба е технолошки најнапредната структура од тој период.

7. Подводни реки

(7)10-misteriozni-raboti-koi-bile-pronajdeni-pod-voda-kafepauza.mk

Според роботската подморница на Универзитетот во Лидс, постои длабок морски канал на дното на Црното Море. Она што е уште почудно е тоа што оваа река изгледа како оние на земјата и има дрвја, лисја па дури и водопад.

8. Мотори од Аполо 11

(8)10-misteriozni-raboti-koi-bile-pronajdeni-pod-voda-kafepauza.mk

Аполо 11 е леталото кое за прв пат ги однесе луѓето на месечината, а неговите делови лежат на океанското дно од 1969 година. Во 2013 година, Џеф Безос решил да нурка и ги открил деловите од два F-1 мотори кои се наоѓале на Аполо 11.

9. Живот

(9)10-misteriozni-raboti-koi-bile-pronajdeni-pod-voda-kafepauza.mk

Во најдлабоките точки на океаните нема никакви услови за живот, барем така мислеле научниците. Неодамна се откриени живи микроорганизми во најдлабоките делови од океанот. Овие неверојатни организми датираат од периодот Јура и се претпоставува дека се стари околу 86 милиони години. Тие преживеале и покрај фактот што едвај имаат кислород и извор на храна.

10. Уште еден океан

(10)10-misteriozni-raboti-koi-bile-pronajdeni-pod-voda-kafepauza.mk

Едно неодамнешно и навистина неверојатно откритие е пронаоѓањето на уште еден океан под вода. Иако отсекогаш постоела теоријата дека водата од океаните доаѓа од замрзнати астероиди кои се судриле со Земјата, сега истражувачите се сомневаат дека водата доаѓа од „таен“ океан кој може да ги наполни видливите океани. Ова складиште со вода се наоѓа на длабочина од 400 до 800 километри под површината на земјата, под слој од минералот познат како рингвудит. Овој минерал ја заробува водата во својата молекуларна структура на многу високи температури. Уште почудно е што кислородот кој се наоѓа во овој слој не е ни во течна, ни во тврда, ни во гасовите состојба.

Погледнете ги и најпознатите филозофски мистерии кои нема да ги решиме во скоро време.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар