10 мистериозни исчезнувања на голем број патници
6. Подморницата Капелин
Оваа подморница служела во текот на Втората светска војна. На првата воена патрола, таа потонала јапонски брод. Потоа се упатила кон Австралија за некои поправки и била испратена во втората воена патрола. Откако заминала, подморницата повеќе не била видена. Познато е дека имало мински полиња околу рутата на подморницата, па можеби тоа е причината за исчезнувањето. Но, бидејќи не се пронајдени никакви остатоци од неа малкумина веруваат во ова. На подморницата имало екипаж од 76 мажи за време на исчезнувањето. Со напредокот на технологијата можеби ќе откриеме нешто повеќе, но засега и ова исчезнување останува мистерија.
7. Американски авион
Во 1962-ра година авионот Flying Tiger Line Flight 739 исчезнал на пат кон Филипините со повеќе од 90 патници. Од авионот не бил испратен никаков сигнал за помош. Причината можеби е тоа што несреќата се случила пребрзо, па пилотот немал време да реагира. Екипажот на еден брод кој пловел под рутата на авионот изјавил дека забележале некаква светлина на небото, за која верувале дека е авионот. Исто така се верува дека авионот можеби бил киднапиран, но нема никакви докази за ова. Без разлика што се случило, сите патници исчезнале без трага.
8. Бродот СС Арктик
Овој американски брод се судрил со француски железен параброд во 1854-та година. Ниту еден од бродовите не потонал веднаш, но при самиот судир загинале многу. Во несреќа загинале 350 луѓе и не преживеале ниту една жена или дете. По судирот, Арктик запловил кон копно, но никогаш не пристигнал. Штетата која бил направена го предизвикала тонењето на бродот. Поради големиот број жртви, денес во Бруклин има споменик во чест на луѓето кои загинале.
9. Авионот МХ370
Во 2014-та година, овој авион тргнал на пат кон Пекинг. На него имало 239 патници. По 1 час во воздух, авионот изгубил контакт, а за ова не биле пратени никакви сигнали за помош. Пред исчезнувањето на радарот се покажало дека авионот тргнал на запад, кога всушност требало да лета кон североисток. По исчезнувањето биле испратени тимови за барање во Индискиот океан. Биле пронајдени многу малку остатоци. Во 2018-та година почнаа нови трагања по авионот. И покрај сите напори, авионот и патниците сè уште не се лоцирани.
10. Бродот СС Варата
Овој параброд пловел од Европа до Австралија и назад. На бродот имало место за 700 патници и 100 кабини од прва класа. Во 1909-та година на враќање кон Европа, бродот мистериозно исчезнал и не е виден оттогаш. Бродот бил виден на пристаниште во Јужна Африка, а оттаму требало да се закотви во Кејптаун, но никогаш не стигнал. На патувањето имало многу лоша бура, па многумина веруваат дека ова е причината за тонење и исчезнување на бродот.
Прочитајте и за овие морничави и нејасни нерешени мистерии.