10 мистерии што ја опкружуваат Мона Лиза, најпознатото дело на Леонардо да Винчи - Part 2

10 мистерии што ја опкружуваат Мона Лиза, најпознатото дело на Леонардо да Винчи

6. Сокриена слика зад портретот

10 мистерии што ја опкружуваат Мона Лиза, најпознатото дело на Леонардо да Винчи

Користејќи инфрацрвени и ласерски камери, во 2006-та година научниците од Канада откриле првични нацрти на сликата, на кои положбата на показалецот и средниот прст од левата рака биле во друга положба. После ова се појавиле и други откритија, како на пример чипката на нејзиниот фустан и ќебето на нејзините колена што ѝ го покрива стомакот.

Во 2015-та година, францускиот инженер Паскал Кот со слична техника открил таен портрет зад Мона Лиза што ја гледаме денес. Со неговата техника можеме да видиме што се случува во слоевите боја и како што кажал тој, можеме да ги излупиме како кромид. Паскал открил четири слики под најгорната површина, вклучувајќи и портрет на помлада жена без насмевка. И за идентитетот на ова лице постојат многу теории, но изгледа засекогаш ќе остане мистерија.

7. Бремената Мона Лиза

10 мистерии што ја опкружуваат Мона Лиза, најпознатото дело на Леонардо да Винчи

Историчарите на уметност кои веруваат дека жената на сликата е Лиза дел Џакондо исто така веруваат дека била бремена додека Леонардо ја сликал. Нејзините раце кои се прекрстени врз стомакот наводно се доказ за бременост. Покрај тоа инфрацрвените скенирања покажале дека на сликата имало наметка која ја носеле само бремените жени. Иако некои веруваат дека наметката е само обичен шал, времето на бременоста на Лиза и сличната употреба на наметката од страна на Ботичели за портретот на Смералда Брандини укажуваат дека Мона Лиза можеби го крие трудничкото стомаче.

8. Зошто ни изгледа убава?

10 мистерии што ја опкружуваат Мона Лиза, најпознатото дело на Леонардо да Винчи

Низ историјата портретот на Мона Лиза се гледал како пример за безвремена убавина. Изгледа дека оваа убавина е поради многу повеќе отколку мистериозната насмевка и нејзиниот поглед. Златниот сооднос наводно е најпријатната пропорција за човечкото око. Можете да го најдете во природата, како центарот на сончогледот, во столбовите на Партенон, а самиот Да Винчи го нарекувал „божествената пропорција“. Златниот сооднос е присутен и кај лицето на Мона Лиза, па можеби токму ова ја прави убава. Кој би знаел дека математиката може да ја објасни оваа привлечност?

9. Украдена слика

10 мистерии што ја опкружуваат Мона Лиза, најпознатото дело на Леонардо да Винчи

Во 1911-та година, Мона Лиза била украдена од Лувр од страна на вработен по име Винчензо Перуџија. Тој верувал дека сликата била украдена од Фиренца од Наполеон Бонапарта и сакал да ја врати во нејзиниот оригинален дом. Цели две години не се знаело каде се наоѓа и постоеле многу шпекулации за нејзината локација, како и за причините за крадењето. Во 1913-та година Перуџија стапил во контакт со дилер на уметнички дела, Алфредо Гери. Тој побарал пари, а за возврат рекол дека ќе ја врати Мона Лиза во Фиренца.

По враќањето на сликата, шпекулациите продолжиле. Тој побарал малку пари за да ја врати сликата, па јавноста почнала да се прашува дали кражбата можеби е за да се привлече внимание и интерес за сликата. Кога се открило дека Перуџија соработувал со Едуардо де Валфиерно, познат фалсификатор на уметнички дела, луѓето почнале да се сомневаат дека сликата била украдена за да се направат лажни копии коишто ќе им се продаваат на колекционерите.

10. Болната Мона Лиза

10 мистерии што ја опкружуваат Мона Лиза, најпознатото дело на Леонардо да Винчи

Доктор Мандип Р.. Мехра веројатно ја решил мистеријата за насмевката на Мона Лиза. Тој ја дијагностицирал со нарушување бидејќи забележал чудни работи кај нејзиниот изглед. Тој забележал мал оток на левото око, ретка коса, недостаток од веѓи и израсток кај левиот показалец. Заедно со жолтата кожа и отокот на вратот, тој заклучил дека Мона Лиза има зголемена тироидна жлезда и дека насмевката е поради мускулна слабост.

Дошол до заклучок дека таа страда од хипотироидизам и решил да истражува понатаму. Открил дека во раниот 16-ти век често се јадела храна без јод. Бидејќи јодот е клучна хранлива материја за правилно функционирање на тироидната жлезда, можеби конечно знаеме што значи насмевката.

Прочитајте ги и овие интересни факти за музејот Лувр што најверојатно не сте ги знаеле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар