10 луѓе кои ги исполниле соништата од нивното детство - Part 2

10 луѓе кои ги исполниле соништата од нивното детство

6. Златно момче

10 луѓе кои ги исполниле соништата од нивното детство

Младиот и надежен фудбалер Килијан Мбапе сонувал за професионална кариера во фудбалот. Познатиот Кристијано Роналдо бил неговиот идол. Важно е да се спомене дека еднаш играл и со неговиот идол во еден клуб. Но Килијан одбил да се пресели во Шпанија и наскоро потпишал договор со друг тим во Монако. Во 2017-та година ја доби наградата Златно момче. На 19-годишна возраст ја доби наградата Најдобриот млад играч на светското првенство ФИФА во 2018-та.

7. Млади полицајци

10 луѓе кои ги исполниле соништата од нивното детство

Фотографката Кери Луис им помогнала на 3 деца со посебни потреби да ги исполнат своите соништа. Таа организирала фотосесија со момчињата Зејн, Овен и Елиот. И тројцата сакале да бидат полицајци и благодарение на Кери имале можност да го направат тоа на еден ден. Полицијата со радост ја прифатила идејата и ѝ помогнале да го организира незаборавното искуство за децата. Кери се надева дека нејзиниот пример ќе инспирира и други фотографи да работат со деца со посебни потреби.

8. Ѕвезда од „Ѕвездени патеки“ стана пчелар

10 луѓе кои ги исполниле соништата од нивното детство

На неговиот Твитер профил, Сер Патрик Стјуарт напишал:

„Уште кога бев дете сонував да бидам пчелар и конечно сум!“

Ова не е првиот сон од детството што Патрик успеал да го оствари. Во 1997-ма година тој ја имал главната улога во Шекспировата драма „Отело“. Ова е улога за која сонувал уште од 14-годишна возраст.

9. Сестрите кои им кажале „Не“ на пластичните кеси

10 луѓе кои ги исполниле соништата од нивното детство

Две сестри од Бали сакале да помогнат во чистењето на нивниот остров. Во 2013-та година 12-годишната Мелати и 10-годишната Виџсен сериозно размислувале за загадувањето на островот. Девојките успеале да организираат кампања за собирање отпад и собрале 12.000 волонтери. Тие држеле ТЕД говор и ја добиле наградата Бамби. Сестрите ја основале организацијата наречена Bye Bye Plastic Bags што сега има многу партнери, а држат и предавања и презентации на кои делат кеси направени од органски материјали. Сето ова започнало со собирањето 100.000 потписи за петиција која му ја доставиле на гувернерот. Но година и пол не добиле никаков одговор. За да покажат дека се навистина сериозни почнале да штрајкуваат со глад. По неколку денови девојките се нашле во канцеларијата на гувернерот кој потпишал меморандум за разбирање за забраната на употребата на пластичните кеси.

10. Дел од Олимписките игри

10 луѓе кои ги исполниле соништата од нивното детство

Уште како дете Ерин Смарт сонувала да ја претставува Америка на Олимписките игри. На 11-годишна возраст таа и нејзиниот брат Кит почнале да тренираат мечување со Питер Вестбрук, добитник на медал на Олимписките игри. Оттогаш Ерин поминала многу време тренирајќи и учествувала во национални и светски натпревари. Нејзиниот сон станал реалност во 2004-та година. Во 2008-ма повторно учествувала на Олимписките игри и добила сребрен медал. Нејзиниот брат исто така бил дел од националниот тим таа година и добил сребрен медал.

За уште малку инспирација, прочитајте ги и овие цитати што ќе ве натераат да ги следите вашите соништа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар