За најхрабрите авантуристи и зависници од адреналин: 10 луди тури што се екстремно опасни
6. Банџи скокање над река со крокодили
Банџи скокањето е навистина популарен екстремен спорт, но добива сосема нова димензија кога треба да скокнете од 111 метри и да се соочите со крокодили. Помеѓу Зимбабве и Забија на мостот на водопадите Викторија, можете да го искусите токму ова. Сепак, несреќа може да им се случи дури и на најдобро подготвените.
7. „Бординг“ на вулкан
Вулканите се и онака страшни, но замислете да се спуштите со сноуборд од вулкан. И ова се смета за екстремен спорт кој е измислен од еден Австралијанец во 2004-та година.
Најмладиот вулкан во Централна Америка последен пат еруптирал во 1999-та година и е најпопуларното место за овој спорт. Но за ова ви е потребна издржливост. Ќе се искачувате цел час на температура од 32 степени Целзиусови и ќе минувате низ сулфур и кратери кои ќе ве потсетуваат дека вулканот може да еруптира во секој момент. Штом ќе стигнете на врвот, ќе добиете дрвена штица засилена со метал и портокалов комбинезон за заштита. Ова сигурно ќе ви биде најдоброто возење во животот.
8. Тури на Патот на смртта
Патот на смртта во Боливија се смета за најопасниот пат во светот и земал многу животи во текот на годините. Не е изненадување што станал место за барање адреналин на авантуристите кои го минуваат со планински велосипеди.
Иако патот е побезбеден за разлика од минатото, сепак постои опасност. Ќе се спуштате надолу цели 64 километри по тесен пат на кој нема никакви ознаки. Истовремено постои опасност од други возила што можеби минуваат.
9. Кајакарење со нилски коњи, крокодили и ајкули
Секој сака да му се доближи на дивиот свет, но кајакарењето со животни што можат да ве убијат не е желба на секого. Во Јужна Африка можете да го направите ова, и тие што го пробале го опишуваат искуството како одличен начин да ѝ се доближете на природата.
Ова не е тура за оние кои сакаат мирна средба со природата и воопшто не е безбедна. Потребно е постојано да бидете внимателни и никако да не влегувате во водата. Изненадувачки е што и луѓето без искуство можат да ја пробаат турата.
10. Рударство со динамит во Боливија
Ова е една од турите во кои е тешко да поверувате, но ви дава одлична можност да го искусите животот во рудниците. Местото во Боливија е познато и како „Планината што јаде луѓе“. Внатре има светилиште посветено на ѓаволот кое наводно нуди заштита.
Пред почетокот ќе ја добиете целата безбедносна опрема, а повеќечасовното патување започнува со посета на пазарот за рудари. Овде можете да купите тутун, алкохол, жив динамит и водич со мерки за безбедност. Потоа се упатувате кон темните тунели.
Внатре ќе почувствувате како им било на луѓето кои биле присилени да работат во рудниците. Тунелите се темни, топли и полни со прашина. Во изминатите години состојбата на рудникот за сребро е дополнително влошена поради неконтролираното копање во минатото. Иако ризикот од опасност е намален сè додека рударите работат над границата од 4.400 метри, секоја година врвот тоне по неколку центиметри и ја прави оваа тура една од најопасните.
Дознајте и кои се најопасните туристички дестинации во светот.