10 луди теории за човечката свест - Part 2

10 луди теории за човечката свест

6. Електричната активност на мозокот ја создава свеста

(6)10-udi-teorii-za-chivechkaa-svest-kafepauza.mk

Според оваа теорија динамиката на електромагнетното поле на мозокот е поврзана со свесноста. Всушност, тоа може да биде и нејзиниот физички процес. Електромагнетното поле не е нашата свест, но неговото пренесување информации до индивидуални неврони ја создава. Значи нашата свест е искуството од електромагнетното поле на мозокот. Оваа теорија не им се допаѓа на многу бидејќи не ја објаснува нашата слободна волја. Овој процес остава малку простор за случајност, која пак се смета за клучен елемент за постоење на слободната волја.

7. Свеста зависи од интегрирањето информации

(7)10-udi-teorii-za-chivechkaa-svest-kafepauza.mk

Како што спомнавме погоре, најважната особина на свеста е тоа што ги комбинира сите наши перцепции во едно искуство. Според теоријата за интегрирани информации, токму оваа комплексност е причина за свеста. Иако сè уште е нова, ова е првата теорија за свеста која може да се моделира математички. Откриено е дека разни делови од мозокот имаат различна комплексност. А колку е помала комплексноста, толку помалку е важна за свесното размислување. Разните врски помеѓу овие системи имаат и свои нивоа на комплексност, и токму ова ја создава свеста.

8. Секој доволно комплексен систем станува свесен

(8)10-udi-teorii-za-chivechkaa-svest-kafepauza.mk

Претходната теорија не прави разлика помеѓу видовите на системите, па не мора да се однесува само на мозокот. И други системи, природни или направени од човекот, покажуваат разни нивоа на комплексност, па се смета дека и тие можат да развијат свесност. На пример, шумите и другите природни екосистеми се поврзани. Интеракцијата помеѓу дрвјата и животните се случува. Интернетот од друга страна, е систем создаден од човекот кој е интегриран и содржи повеќе индивидуални преносители од човечкиот мозок. Еден начин да се тестира оваа теорија е да се моделираат 2 разни система на многу моќен компјутер, и да се разликуваат само во нивните внатрешни конекции. Кај покомплексното внатрешно поврзување, можеме да очекуваме повисока свест.

9. Невозможно е да се создаде свест на компјутер

(9)10-udi-teorii-za-chivechkaa-svest-kafepauza.mk

Научниците многу истражуваат за ова и досега дошле до заклучок дека никогаш нема да можат да создадат модел на човечки мозок на компјутерот. Ова е пример за важноста на интеграцијата на информации за свесно размислување. Комбинирањето разни стимули за да се формулира нашата импресија за ново искуство води до губење податоци. Во математичкото опишување на систем кој може да складира информации без да ги губи (односно нашата меморија) научниците заклучиле дека или сите претходни концепти за интегрирана свест се грешни, или свеста е нешто што не може да се моделира на компјутер.

10. Мозокот е квантен компјутер

(10)10-udi-teorii-za-chivechkaa-svest-kafepauza.mk

Според оваа теорија, „микротубулите“ во нашиот мозок се дом на квантни пресметки кои се диригирани од нашата перцепција и дека мозок ги преработува информациите како квантен компјутер. Оние што не се согласуваат со оваа теорија сметаат дека мозокот е премногу „топол, влажен и гласен“ за да биде место за вакви деликатни процеси. Еден јапонски тим успеал да открие квантни вибрации на повисока температура во невроните на нашиот мозок. Исто така се смета дека клиничката анестезија влијае директно на овие микротубули овозможувајќи ја несвесната активност на мозокот, додека ефективно ја отстранува свеста.

Погледнете и што треба да знаете за 17-те нивоа на свеста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар