10 ликови од филмовите и сериите кои не можат да ги си ги дозволат нивните домови - Part 2

10 ликови од филмовите и сериите кои не можат да ги си ги дозволат нивните домови

6. Хана Хорват, „Девојки“ (Girls)

10 ликови од филмовите и сериите кои не можат да ги си ги дозволат нивните домови

Апартман

Хана живее во двособен стан во тренди соседство во Бруклин. Иако местото не е многу луксузно, тоа е палата според стандардите на Њујорк. Дневната соба е доволно голема за каучи, столови и телевизор. Кујната е добро опремена, а спалните соби се со средна големина.

Приход

Најчесто Хана има цимерка, но дури и тогаш киријата би била превисока, особено кога ќе се земе предвид нејзината ниска плата. Во просек овој стан би чинел 2.500 евра месечно што значи Хана ќе треба да заработува најмалку 50.000 евра годишно за да може да си го дозволи овој дом.

7. Дени Танер, „Полна куќа“ (Full House)

10 ликови од филмовите и сериите кои не можат да ги си ги дозволат нивните домови

Куќа

Во куќата на Дени живее целото блиско семејство, некои подалечни роднини и пријател. Куќата има 3 спални на вториот кат, голем подрум и таван и мала дневна соба. Покрај тоа кујната е огромна и има голем двор.

Приход

Дури и со сите возрасни кои живеат во куќата и кои најверојатно придонесуваат, сепак животот овде е скап. Сличен дом во истото соседство неодамна бил продаден за 2,8 милиони евра. Дени е водител на утринско шоу, Џеси е музичар, а Џои е стенд-ап комичар. Покрај тоа тие одгледуваат 3 деца, а тоа се дополнителни трошоци.

8. Дана Барет, „Истерувачи на духови“ (Ghostbusters)

10 ликови од филмовите и сериите кои не можат да ги си ги дозволат нивните домови

Aпартман

Пентхаусот на Дана е огромен, а покрај тоа нема ни цимерки. Станот има дневна соба со поглед кон градот, голема спална и огромна кујна.

Приход

Дана е симфониски музичар па тешко е да се замисли како си го дозволила апартманот, дури и во 80-тите. Еднособен апартман во истата зграда бил продаден за речиси 1,2 милиони евра во 2014-та година. Платата на симфониските музичари може да достигне и 140.000 евра годишно, но и ова не е доволно.

9. Тед Мозби, „Како ја запознав мајка ви“ (How I Met Your Mother)

10 ликови од филмовите и сериите кои не можат да ги си ги дозволат нивните домови

Апартман

Овој стан во Њујорк е далеку од можностите на Тед. Апартманот има 2 спални, големи прозорци и камин. Има тули, пијано и посебни места за работење.

Приход

Тед е архитект па веројатно зема добра плата. Сепак, стан со оваа големина би му бил финансиски товар. Овие станови обично чинат околу 3.000 евра месечно. Платата на Тед најверојатно е околу 4.200 евра месечно, а ова значи дека ќе треба многу да штеди.

10. Том Хаверфорд, „Паркови и рекреација“ (Parks and Recreation)

10 ликови од филмовите и сериите кои не можат да ги си ги дозволат нивните домови

Апартман

Том секогаш има вкус што не може да си го дозволи, а овде спаѓа и неговиот апартман. Иако е само со една спална, апартманот е декориран навистина луксузно.

Приход

Том е на средна позиција во собранието на мал град. Најверојатно заработува околу 25.000 евра годишно. Иако градот е измислен, станови во слични градови чинат околу 700 евра месечно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар