10 изуми кои засекогаш ги променија нашите животи
6. Вулканизирана гума
Модерниот процес на вулканизација не постоел до 19-тиот век, и бил развиен од Чарлс Гудиар. Денес многу работи се направени од вулканизирана гума, вклучувајќи ѓонови за чевли, црева, а најмногу се користи за автомобилски гуми.
7. Заштитно стакло
Заштитно стакло е име за неколку видови стакло. Некои видови почесто се користат во ентериерот, додека други се користат во градежништвото. Навистина е речиси невозможно да си го замислиме животот без овој изум.
8. Бетон
Речиси 2.000 години по изградбата, куполата на Пантеон во Рим е најголемата бетонска купола во светот. Првите конструкции од бетон биле изградени во Средниот Исток пред илјадници години. Со подобрување на неговиот состав, бетонот станал еден од најкористените материјали.
9. Велкро
Велкро лепенките се составени од 2 дела – една лента со мали куки и една „побушава“ лента со уште помали куки. Овие лепенки станале ценети од многумина. Ги користат возрасни, деца, па дури и астронаутите од НАСА.
10. Нерѓосувачки челик
Се верува дека сапунот од нерѓосувачки челик може да ги неутрализира, или целосно да ги отстрани миризбите како оние од лук или риба. Иако нема никакви научни докази за ова, нерѓосувачкиот челик си има друга примена, и тоа во многу области. Тој е материјал кој се користи од прибор за готвење, до градежништвото.
Погледнете ги и изумите кои засекогаш ја промениле модата.