10 изненадувачки факти за вегетаријанците - Part 2

10 изненадувачки факти за вегетаријанците

6. Вегетаријанците страдаат од недостаток на витамин Б12

10 изненадувачки факти за вегетаријанците

Вегетаријанците можат да ги внесат сите потребни витамини и минерали од растителна храна, освен витаминот Б12 кој се наоѓа во месото, јајцата, рибите и млечните производи. Можат да го надополнат изгубеното со храна засилена со овој витамин, но често тоа не е доволно. Недостатокот од витамин Б12 може да предизвика зголемено лачење на хормон кој може да биде одговорен за депресија, замор, слабост, гадење, констипација, анемија, болести на срцето и мозочен удар.

7. Една третина јадат месо кога се пијани

10 изненадувачки факти за вегетаријанците

Според едно истражување, една третина од вегетаријанците јадат месо кога се пијани. И ова не се случува само еднаш – тие јадат месо секогаш кога се пијани. Најчесто одбираат хамбургер, но многумина признале дека јаделе пилешко, свински колбаси и сланина. 69% од нив не кажале никому за овој „инцидент“.

8. „Фрутаризам“ е радикална форма на вегетаријанството

10 изненадувачки факти за вегетаријанците

Фрутаризам е уште еден вид вегетаријанство кој може да биде смртоносен. Овие луѓе јадат само овошје, и можеби некои јаткасти плодови.

Познато е дека Стив Џобс го прифатил овој начин на исхрана пред неговата смрт. Во 2013-та година, актерот Ештон Кучер бил на слична диета додека се подготвувал за улогата на Стив Џобс. Завршил со болки во стомакот и во болница два дена пред почетокот на снимањето.

Овој начин на исхрана е смртоносен бидејќи ги нема сите потребни хранливи материи. Вегетаријанците имаат огромен избор на храна, но кога ќе се ограничите само на овошје, изборот е значително намален.

9. Зошто вегетаријанците и оние кои јадат месо не се согласуваат?

10 изненадувачки факти за вегетаријанците

Најжестока група се веганите кои често ги критикуваат луѓето кои јадат место, па дури и другите вегетаријанци. Нивните агресивни кампањи за правата на животните понекогаш се премногу и ги обесхрабруваат потенцијалните идни вегетаријанци .

Веганите често користат вознемирувачки фотографии за да ги натераат другите да престанат да јадат месо. Често овој потег не дава резултати бидејќи луѓето само ќе ги избегнуваат фотографиите и ќе продолжат да јадат месо.

10. Веганите ги мразат вегетаријанците повеќе од луѓето кои јадат месо

10 изненадувачки факти за вегетаријанците

Веганите и вегетаријанците не се баш пријателски настроени едни кон други. Веганството е навистина строг начин на живот, додека вегетаријанците не секогаш ја следат нивната идеологија. Многу вегетаријанци сепак јадат месо, пијат млеко и носат облека направена од волна. Токму поради ова, веганите ги критикуваат вегетаријанците, и тоа многу почесто од луѓето кои јадат месо.

Дознајте и што ќе се случи со вашето тело доколку престанете да јадете месо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар