10 интересни суеверија за ѕвездите
6. Суеверија на фармерите
Фармерите и многу други луѓе ги користеле ѕвездите за предвидување на времето уште многу одамна. Според едно суеверие ако ѕвездата Деница е ниско на небото, годината ќе нема многу род. Појавата на Сириус значела суша. Ако се прашувате дали ќе врне во наредните неколку денови, побарајте го соѕвездието Рак. Луѓето се потпирале на ова илјадници години за предвидување бури. Според суеверието, ако небото е чисто, но е тешко да го најдете соѕвездието, сигурно ќе врне дожд.
7. Ѕвезди на морето
Како фармерите, и рибарите и другите морнари си имале свои суеверија. Набљудувајќи ја насоката на ѕвездата што паѓа, морепловците одредувале во која насока ќе дува ветрот. Ѕвездата Северница отсекогаш служела за навигација на море. Морепловците верувале дека краток поглед кон оваа ѕвезда значи добра среќа. Во помодерно време се појавило тетовирањето на ѕвездата Северница како знак на продолжување на древната традиција.
8. Нека врне
Сакате да знаете дали ќе врне? Прашајте го човекот во месечината. Според суеверието, набљудувањето на позицијата на ѕвездите во однос на прстените околу месечината може да ви помогне да го предвидите времето. Прстен околу месечината со една ѕвезда внатре значело мирно време. Ако во прстенот имало повеќе од една ѕвезда, нивниот број кажувал колку денови ќе врне во неделата што доаѓа. Разни култури имаат разни верзии на ова суеверие. Во некои делови од САД прстенот околу месечината со две ѕвезди во внатрешноста значи дека ќе врне за два дена. Според други, седумте ѕвезди во прстенот значат седум часа дожд.
9. Броење
Броењето ѕвезди е одлична активност за на отворено, но суеверните луѓе би требало да го избегнуваат ова. Борењето ѕвезди отсекогаш се сметало за лоша среќа, а според некои легенди ако ги броите ѕвездите ќе умрете кога ќе стигнете до 100. Некои веруваат дека суеверието потекнува од древните луѓе кои ги обожувале сонцето, месечината и ѕвездите, додека други сметаат дека ова верување е поново.
10. Љубов во ѕвездите
Иако е лошо да броите ѕвезди, според едно суеверие можете да го правите тоа но само во одредени околности. Според фолклорот, само невенчана личност што бара љубов може да го прави ова. Дури и во овој случај личноста може да изброи најмногу 7 ѕвезди во 7 последователни ноќи. Ако го направите ова, првата личност од полот што ве привлекува со која ќе се ракувате на осмиот ден ќе биде вашиот сопружник.
Дознајте нешто и за некои од најголемите ѕвездени мистерии.