10 интересни факти за жените од минатото кои сигурно не сте ги слушнале
6. Грчките жени играле игри
Жените во Грција играле многу игри, од кои најпознатата била наречена „астрагалос“. Во играта се користеле зглобови од овци или кози, а понекогаш и модели направени од бронза, слонова коска или керамика. Ги фрлале зглобовите во воздух, а потоа се обидувале да фатат што е можно повеќе со една рака.
7. Девојките од Рим носеле бикини
Овој мозаик од 4-тиот век, пронајден во Сицилија прикажува две девојки кои носат нешто што наликува на денешните бикини. Римјаните биле навистина напредни.
8. Жените од Рим биле атлетичари
Истиот мозаик на кои се прикажани бикините, покажува дека Римјанките уживале во спортот. Во древен Рим жените имале многу рекреативни активности и богат социјален живот.
9. Мажите од Кина имале право да ја напуштат сопругата ако зборува премногу
Во древна Кина жените речиси и да немале права и биле сметани за сопственост на нивните сопрузи. Браковите биле договарани од професионалци, и жените прв пат ги сретнувале сопрузите на нивната свадба. На традиционалните свадби родителите на момчето биле седнати, а невестата носела црвен фустан и син украс на главата и ѝ служела чај на својата свекрва. Причини за развод имало многу: неплодност, доказ за неверство, кражба, болест, љубомора, но и претерано зборување.
10. Жените од Индија сами си ги одбирале мажите
Ова е навистина интересно. И денес постојат договорени бракови во Индија, но во минатото жените биле еднакви со мажите. Тие имале право не само да си го одберат сопругот, туку можеле да стапат во брак кога сакаат. Исто така жените биле образовани и имале право да ги изучуваат индиските Веди.
Дознајте и што сè им било забрането на жените во последниве 100 години.