10 интересни факти за авионите кои сигурно не сте ги слушнале - Part 2

10 интересни факти за авионите кои сигурно не сте ги слушнале

6. Делови за одмор на екипажот

(6)10-interesni-fakti-za-avionite-koi-sigurno-ne-ste-gi-slushnale-kafepauza.mk

Некои авиони имаат мали скриени соби за екипажот каде што тие може да се одморат за време на долгите летови.

7. Рачки покрај излезите за итни случаи

(7)10-interesni-fakti-za-avionite-koi-sigurno-ne-ste-gi-slushnale-kafepauza.mk

Овие рачки се направени за стјуардесите. Тие можат да се држат за нив доколку настане паника со цел да не бидат турнати низ излезот додека патниците се евакуираат.

8. Воздушна вентилација

(8)10-interesni-fakti-za-avionite-koi-sigurno-ne-ste-gi-slushnale-kafepauza.mk

Дали некогаш сте се запрашале од каде доаѓа воздухот во авионите? Тој настанува од компресор кој се наоѓа во секоја турбина на моторот. Не грижете се, воздухот е филтриран и изладен, а филтрите задржуваат околу 95% од бактериите.

9. Држачот на Купер

(9)10-interesni-fakti-za-avionite-koi-sigurno-ne-ste-gi-slushnale-kafepauza.mk

Оваа направа се појавила на авионите откако Ден Купер успеал да влезе во авион во лет, да украде пари и да избега со падобран. Оттогаш сите авиони имаат ваков држач кој го оневозможува отворањето на вратата сред лет.

10. Црниот триаголник

(10)10-interesni-fakti-za-avionite-koi-sigurno-ne-ste-gi-slushnale-kafepauza.mk

Сигурно го имате забележано овој мал црн триаголник на некои авиони. Тој всушност ги означува местата од каде што има најдобар поглед кон крилата на авионот. Понекогаш е потребно визуелно испитување доколку пилотите имаат некаков сомнеж во врска со крилата. За среќа, ова ретко се случува.

Погледнете и зошто авионите оставаат бели траги на небото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар