10 грешки што ги прават скоро сите додека патуваат - Part 2

10 грешки што ги прават скоро сите додека патуваат

6. Страв ви е да разговарате со странци

10 грешки што ги прават скоро сите додека патуваат

Обично кога патуваме со други луѓе не се спријателуваме со локални жители или други туристи. Но кога друг пат ќе имате шанса да се спријателите со некој од друга држава? Локалните жители обично покажуваат интерес, па немојте да се срамите. Не заборавајте, хостелите се одлично место за запознавање луѓе од целиот свет.

7. Се обидувате да видите сè

10 грешки што ги прават скоро сите додека патуваат

Сигурно си помислувате дека штом сте овде, мора да ги видите сите знаменитости. А ова ве тера само да „трчате“ наоколу. Подобро е да забавите и да уживате. На крајот од краиштата, сте отишле на одмор, а и секако нема шанси да видите сè. Исто така лоша идеја е да гледате 2 града во ист ден. Подобро е да поминете 2 дена во еден град и навистина да го запознаете.

8. Патувате во екот на сезоната

10 грешки што ги прават скоро сите додека патуваат

Толпите од туристи ќе го расипат секој поглед и одмор. Поради ова, кога планирате одмор гледајте тоа да биде вон сезона. Ако одите во Рим доцна наесен нема да можете да уживате во италијански сладолед, но ќе шетате по улици без туристи и нема да чекате во редици.

9. Не купувате билети онлајн

10 грешки што ги прават скоро сите додека патуваат

Редиците за познатите места понекогаш се необично големи. Но, има посебни влезови за луѓе со и луѓе без влезница. Купете ги билетите онлајн, особено за места како Лувр или Статуата на слободата.

10. Грешка со сувенири

10 грешки што ги прават скоро сите додека патуваат

Овде постојат 2 верзии – некои луѓе купуваат грди сувенири, а на други им е криво зошто не купиле ништо. Најдобро е да најдете некое пазарче каде што ќе можете да купите неверојатни работи по многу ниска цена. И ако видите нешто што навистина ви се допаѓа, купете го веднаш. Многу често кога одложувате, нема воопшто да го купите.

Не очекувајте премногу од патувањето

Ова не е едноставно, но обидете се да не фантазирате премногу за патувањето. На крајот, не може сè да ги исполни вашите очекувања. Високите очекувања често водат до разочарување. Само опуштете се и уживајте во секој ден од патувањето.

Ако не знаете каде да одите, погледнете ги овие предлози за патување во 2018 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар