10 факти за проституцијата во викторијанската ера - Part 2

10 факти за проституцијата во викторијанската ера

6. Проститутките биле образовани

10 факти за проституцијата во викторијанската ера

Во 1800-тите многу жени имале образование. Кога ќе завршеле со основата, жените од високата класа биле испраќани во повисоки училишта каде што учеле социјални вештини, цртање, свирење пијано и танцување. Овие работи би требало да ги направат привлечни за брак. Сепак, ретко учеле вештини кои би можеле да им помогнат сами да заработуваат. Поголемиот дел од жените од работничката класа биле неписмени. Само околу 5% од проститутките од ниската класа можеле да читаат или да пишуваат. Но проститутките од високата класа биле писмени. Повеќето жени од високата класа не биле образовани за политика или моменталните настани бидејќи од нив се очекувало да бидат „ангелот на домот“. Ова им дало предност на проститутките да станат пообразовани и да знаат повеќе за светот околу нив.

7. Каталози за проститутки

10 факти за проституцијата во викторијанската ера

Богатите мажи од викторијанската ера можеле да разгледуваат каталози за проститутки. Во нив се наоѓала возраста, физичкиот опис, карактерот и цената на проститутките. Во Англија еден од најпознатите водичи или каталози бил „Ноќниот водич низ метрополата“. Овде проституцијата била претставена како една од највозбудливите работи кои можете да ги пробате во Лондон.

8. Чарлс Дикенс се обидувал да ги спаси „паднатите жени“

10 факти за проституцијата во викторијанската ера

Во 1847-ма година, Чарлс Дикенс заедно со една наследничка по име Ангела Џорџина Бурдет-Кутс, одлучил да купи една градба. Градбата била место каде што проститутките, поранешните затвореници и жените од фабриките можеле да избегаат од нивните опасни и трагични животи. Целта на градбата, позната како Колибата Уранија, била да ги научи овие жени на нови вештини кои можат да им се најдат. Дикенс напишал и памфлет со кој ги охрабрувал младите жени да дојдат во колибата за нов почеток. Покрај тоа што им помагал, Дикенс ги интервјуирал овие жени и нивните приказни служеле како инспирација за неговите дела.

9. Присилни лекарски прегледи

10 факти за проституцијата во викторијанската ера

Некои од најчестите муштерии во јавните куќи биле младите војници. Венеричните болести биле толку чести во 1800-тите што убиле речиси исто толку мажи колку и војната. Во 1864-та година, со цел да се спречи ширењето на овие болести, жените без разлика дали се проститутки или не, биле присилени да бидат прегледани од лекари. Ако жената пружела отпор, ја врзувале за маса и продолжувале со прегледот. Ако било откриено дека е болна, била присилена да помине 3 месеци на лекување. Иако ризикот од венерична болест бил поголем за проститутките, тие всушност биле поздрави од просечните жени од работничката класа бидејќи не морало да работат смени од 14 часа.

10. Реформатори

10 факти за проституцијата во викторијанската ера

Иако проституцијата била легална, многу дами на ноќта биле апсени за „злодела“ како пијанство или собирање клиенти на улицата. Ова однесување било сметано за нелегално и често резултирало со 1 година затвор. Имало и места наречени реформатори чија цел била рехабилитација на „паднатите жени“. Најчесто овие места биле водени од религиски групи кои сметале дека проститутките се однесувале така поради нивните себични желби. На многу начини, живеењето во реформатор било полошо од затвор. Жените останувале по најмалку 2 години. Исто така, морале да покажуваат длабока омраза кон себе и да бараат прошка од Бог за нивните гревови. Реформаторите ги терале жените да се будат во 5 часот наутро, да се молат 4 пати на ден, да присуствуваат на религиска служба 2 пати дневно, напорно да работат и биле заклучувани во нивните соби во 8 часот навечер.

Прочитајте ги и овие неверојатни работи за сексот кои некогаш биле нормални.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар