10 факти што треба да ги знаете за времето за да можете да го контролирате - Part 2

10 факти што треба да ги знаете за времето за да можете да го контролирате

6. Времето забавува кога чекате

10 факти што треба да ги знаете за времето за да можете да го контролирате

Една недела пред крајниот рок никогаш не е доволно, додека една недела пред одење на одмор може да трае цела вечност. Кога чекате да се случи нешто, времето си игра со вас и се движи побавно. А забавува уште повеќе ако сте импулсивни или гневни што веднаш не сте го добиле она што го сакате. Во овие моменти не можете да размислувате за ништо друго. Па на некој начин станувате почувствителни за тоа како се чувствувате за тоа што толку многу го сакате и за минувањето на времето.

7. Временскиот период изгледа подолг ако е полн со нови впечатоци

10 факти што треба да ги знаете за времето за да можете да го контролирате

Патот до некое место обично ви изгледа подолг отколку кога се враќате од тоа место. Причината е тоа што кога мозокот прима многу нови информации, потребно му е време да ги организира и да ви ги претстави на начин на кој ќе ги разберете. Колку подолго му треба на мозокот, толку подолг ќе ви изгледа временскиот период. Кога информациите ви се познати, овој процес се одвива многу побрзо.

8. Времето се движи побрзо кога сте во брзање

10 факти што треба да ги знаете за времето за да можете да го контролирате

Која е разликата помеѓу 3 дена подготвување за испит и 3 дена чекање резултати? Без разлика колку денови имате пред крајниот рок, никогаш не ви се доволно. Бидејќи кога сте во брзање, не сте целосно присутни во сегашниот момент – премногу се фокусирате да ја завршите задачата. Па речиси и не ги забележувате информациите околу вас. На овој начин денот ви станува пократок. Можеби не е толку добро да се фокусирате на учењето дури и кога одите на прошетка или кога разговарате со некого. Обидете се најдете рамнотежа.

9. Времето се движи побрзо кога ги правите истите работи секој ден

10 факти што треба да ги знаете за времето за да можете да го контролирате

Го знаете чувството кога сте на одмор и кога запознавате нови луѓе од кои учите многу нови и интересни работи? Па, 3 недели од тој одмор и 3 недели од рутинската работа нема да ви траат исто. Кога сте на ново место, мозокот почнува да ги забележува сите мали нешта кои веќе не ги забележува во рутинскиот живот. Дрвјата, небото, па дури и солта во рестораните е интересна и различна. Вашиот ум е толку зафатен со процесирање на сите нови глетки и звуци, што изгледа како да поминало многу повеќе време. Ова се разбира, се случува сè додека не се навикнете на новото место. Потоа време е да најдете ново искуство кое ќе ја издолжи вашата перцепција за времето.

10. Времето се забрзува со стареењето

10 факти што треба да ги знаете за времето за да можете да го контролирате

Денот на едно дете може да трае цела вечност, додека постара личност едвај ќе забележи дека поминала цела недела. Сигурно имате многу живописни сеќавања од вашето детство, но сега не можете да се сетите што се случило минатата недела. Ова „правило“ ги комбинира сите нешта кои ги спомнавме претходно. Како што стареете, вашиот ум не добива нови информации како претходно. Речиси ништо не ви изгледа ново. Нема нови впечатоци или чувства. Вашите навики се исти како и порано и со текот на времето ви станува здодевно. Исто како и примерот со одморот – времето се развлекува додека не се навикнете на новото место. Кога ќе го ставите ова на скала на животот, вие се навикнувате на светот околу вас сè додека не остане ништо неистражено.

Барем така мисли вашиот ум. Сега кога знаете кои правила ги следи времето, можете да преземете контрола и да го забавите. Сè што треба да направите е:

  • Одржувајте го мозокот активен
  • Учете нови вештини
  • Среќавајте нови луѓе
  • Истражувајте нови места
  • Изненадувајте се одвреме-навреме


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар