10 евангелија кои нема да ги најдете во Библијата - Part 2

10 евангелија кои нема да ги најдете во Библијата

6. Евангелие за детството според Томас

(6)10-evangelija-koi-nema-da-gi-najdete-vo-bibljata-kafepauza.mk

Ова евангелие често и по грешка е споредувано со евангелието на Томас (кое се наоѓа подолу на листата). Не е јасно кој го напишал, но двете книги немаат никаква врска една со друга. Она што е познато е причината за пишување на овој текст. Со текот на времето Христијаните станувале љубопитни за Исус и сакале да знаат повеќе за неговиот живот како човек. Ова евангелие ги пополнува празнините кои ги создаваат четирите евангелија и се фокусира на детството на Исус. Иако оваа книга никогаш не била земена предвид за да се додаде во Библијата, сепак останала популарна. Голем дел од текстот е достапен и денес.

7. Евангелие според Петар

(7)10-evangelija-koi-nema-da-gi-najdete-vo-bibljata-kafepauza.mk

Ова евангелие се смета дека е напишано од Петар, ученик и пријател на Исус. Сепак, ова не е вистина. Текстот е напишан барем еден век по смртта на Петар и ги користи четирите евангелија како извори. Евангелието е откриено во египетска гробница во раниот 19-ти век. Текстот се сметал за еретички бидејќи тврди дека Исус не бил распнат на крст. И од ова евангелие нема целосен текст, но она што е останато е навистина интересно. Евангелието ја има познатата сцена каде што Исус се воздигнува кон небото. Но, овде два огромни ангели кои се повисоки од небото му помагаат.

8. Евангелие според Томас

(8)10-evangelija-koi-nema-da-gi-najdete-vo-bibljata-kafepauza.mk

Ова е најпознатото евангелие кое не се наоѓа во Библијата. Книгата веројатно е напишана во првиот или вториот век, но била изгубена во текот на поголемиот дел од историјата. Случајно била откриена во 1945 година во Египет. Оттогаш е подложена на бројни истражувања. Ова евангелие се разликува од четирите во Библијата. Наместо да ја раскажува приказната на Исус, тоа ги содржи неговите зборови, од кои повеќето не се наоѓаат во Библијата. Многу од нив се заметни, па дури и контрадикторни на оние во официјалните евангелија. Постои речиси целосна копија на овој текст.

9. Евангелие според Марија Магдалена

(9)10-evangelija-koi-nema-da-gi-najdete-vo-bibljata-kafepauza.mk

Овој текст е еден од најважните и најконтроверзните кои се откриени до ден денес. Германски научник го купил текстот во Каиро во 19-тиот век, а до тогаш никој не знаел дека постои. И овде е раскажана приказната на Исус, но главниот лик е Марија Магдалена. Наместо жената која е претставена во Библијата, во ова евангелие Марија Магдалена е филозоф и водач. Ова укажува дека во раното Христијанство жените играле многу поголема улога отколку што се сметало. Кога ќе се земе предвид дека многу Христијани не се согласуваат со тоа жена да биде проповедник, откривањето на ова евангелие може да промени многу знаења за почетоците на Христијанството. Денес постојат само фрагменти од овој текст.

10. Евангелие според Јуда

(10)10-evangelija-koi-nema-da-gi-najdete-vo-bibljata-kafepauza.mk

И ова евангелие е едно од најконтроверзните. Текстот веројатно е напишан во четвртиот век и бил изгубен до 20-тиот. Додека повеќето евангелија се крстени според учениците или следбениците на Исус, овој текст го носи името на неговиот предавник. Во новиот Завет, Јуда е човекот кој го предал Исус за 30 сребреници. Од тогаш тој е синоним за предавство и за најлошиот пријател кој може да го има еден човек. Кога евангелието прв пат било откриено, преводот не го прикажал Јуда во негативно светло. Текстот сугерира дека целата ситуација била план на Исус, и дека Јуда всушност е херој. Многу делови од оваа книга ги предизвикуваат основните верувања на Христијанството. Текстот е преведуван многупати и повеќето од деталите изгледаат екстремни и чудни. Јуда го предал Исус, но веќе не е херојот во приказната. Кој и да го напишал текстот го критикувал Христијанството и нормално дека ова евангелие немало никакви шанси да се најде во Библијата. Денес може да се пронајдат делови, но поголемиот дел од текстот е изгубен.

Погледнете и кои секојдневни работи ги забранува Библијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар