10 едноставни, но забавни филозофски парадокси - Part 2

10 едноставни, но забавни филозофски парадокси

6. Парадоксот на испрашување

10 едноставни, но забавни филозофски парадокси

Овој парадокс, познат и како парадоксот на Мено, може да се најде во дијалозите на Платон. Мено започнал дискусија со Сократ во врска со доблеста. Ова водело до чудното прашање за тоа како учиме. Ако не знаеме што не знаеме, како ќе знаеме што да бараме? Со други зборови, ако сакаме да најдеме нешто што не го знаеме, како ќе знаеме што да прашаме? Дури и ако се соочиме со нешто што не го знаеме, не би го знаеле тоа и не би прашале. Ова значи дека никогаш не учиме ништо со прашување, што очигледно е апсурдно. Прашувањето е основа и прв чекор во научниот метод. Сократ го претставил парадоксот на овој начин:

„Човекот не може да го бара она што го знае или она што не го знае. Не може да го бара она што го знае бидејќи веќе го знае, и нема потреба да го бара. Не може да го бара она што не го знае, бидејќи не знае што да бара.“

7. Парадоксот на двојна лага

10 едноставни, но забавни филозофски парадокси

Ова е модерна верзија на парадоксот на лаги. Земете лист хартија. На едната страна напишете: „Реченицата од другата страна на листот е вистина.“ На другата страна напишете: „Реченицата од другата страна на листот е лага.“

Ако втората реченица е вистина, тогаш првата е лага. Завртете го листот. Овде заглавувате во бескрајно менување на страните на листот. Но ако првата реченица е лага, како што тврди втората, тогаш и втората би била лага. Значи двете реченици се и лага и вистина во исто време.

8. Парадоксот со вратите

10 едноставни, но забавни филозофски парадокси

Замислете дека пред вас има 3 врати. Позади секоја има ѕид, но една крие 1 милион евра. Одбирате една врата и сфаќате дека сте го откриле милионот. Да кажеме дека сте ја одбрале вратата А и се надевате за милион. Тогаш се отвора една од вратите за да видиме дали сте изгубиле или не. Се отвора вратата Б и открива ѕид. Сега кога останаа само 2 врати, вашите шанси се поголеми. Можете да го смените изборот и да ја да одберете вратата В. Значи вашите шанси се 50/50, така? Погрешно. Во овој момент, можеби веќе звучи чудно да се каже дека имате 2/3 шанси да го добиете милионот ако ја смените вратата, и 1/3 шанса ако не направите промена. Сепак, ова е вистина.

9. Парадоксот со берберот

10 едноставни, но забавни филозофски парадокси

Еден бербер вели дека ќе го избричи кој било човек што не се бричи сам и само луѓе кои не се бричат сами. Прашањето е: Дали берберот ќе се избричи самиот? Ако го направи тоа, тогаш тој повеќе не ги бричи само луѓето кои не се бричат сами, бидејќи тој се избричил. Ако не се избричи, тогаш не ги бричи сите луѓе кои не се бричат самите.

10. Мачката на Шредингер

10 едноставни, но забавни филозофски парадокси

Дали месечината постои кога не ја гледате? Како навистина да знаете? Ова е можеби најпознатиот парадокс. Започнува со идејата дека во една звучно изолирана кутија е поставена мачка. Без гледање во кутијата, како ќе знаеме дали мачката е жива или мртва? Физичарот Ервин Шредингер го смислил овој мисловен експеримент во 1935-та година. Главната идеја била тогашната интерпретација за квантната механика: Додека не набљудуваме честичка, таа постои во сите можни состојби. Нашето набљудување е она што ја одредува состојбата.

Секој пат кога гледате кон нешто, добивате дефинитивен одговор за неговата состојба, знаете дека е таму. Кога ќе го тргнете погледот, можете само да погодувате дали е таму или не. Се разбира, столот кој го гледавте не си заминал, но без набљудување не можете никогаш да знаете.

Поедноставната верзија на парадоксот е со дрво. Ако едно дрво падне во шумата, а никој не го видел, дали навистина паднало? Нил Бор, уште еден физичар од истиот период би рекол дека дрвото не паднало. Всушност дрвото воопшто не постоело додека не сме го погледнале.

Ако ова ви беше малку, прочитајте и нешто повеќе за парадоксот на Ферми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар