10 духовни симболи и нивното значење - Part 2

10 духовни симболи и нивното значење

5. Цвет од лотус

(5)10-duhovni-simboli-i-nivnoto-znachenje-kafepauza.mk

Многу моќен духовен симбол од Будизмот, како и во многу други религии, кој најчесто се гледа како знак на просветлување. Лотусот цвета од темнина, од калливата вода на материјализмот и ги отвора своите листови кон просветлувањето. Овој симбол го претставува патувањето од темнината кон трансформацијата. Исто така лотусот е симбол на важноста на одвојувањето, бидејќи капките вода многу лесно се лизгаат од неговите листови.

6. Јин и јанг

(6)10-duhovni-simboli-i-nivnoto-znachenje-kafepauza.mk

Овој симбол ја претставува хармонијата на двојноста. Симболот го претставува единството помеѓу машката и женската енергија. Јин и Јанг е духовен потсетник дека рамнотежата помеѓу светлината и темнината овозможува живеење значаен живот. Универзумот се придружува кон законот за рамнотежа.

7. Пентаграм

(7)10-duhovni-simboli-i-nivnoto-znachenje-kafepauza.mk

Многу често неразбран и бележан како сатански, пентаграмот ги симболизира квалитетите на еден човек. Врвот го претставува духот, додека останатите краци ги претставуваат четирите елементи. Виканите многу често го користат овој симбол во свети церемонии за да се потсетат на природата на човекот.

8. Кадуцеј

(8)10-duhovni-simboli-i-nivnoto-znachenje-kafepauza.mk

Грешно користен како симбол на здравствените организации, кадуцејот е традиционален симбол на Хермес, кој има форма на две змии што се извиени околу жезол, кој најчесто има крилја. Овој симбол ја претставува планетата Меркур, и многу често е репрезентација на нашата примитивна енергија на животната сила. Двете змии ја претставуваат енергијата кундалини која се издига од дното на ‘рбетот, каде што едната змија е женска, а другата машка.

9. Тркалото Дарма

(9)10-duhovni-simboli-i-nivnoto-znachenje-kafepauza.mk

Тркалото Дарма, или Тркалото на законот, е будистички симбол за учењето на патот кон Нирвана. Секој дел претставува чекор од патувањето на Буда. Интересно е што овој симбол е постар од Будизмот, датира од 2500-та година пред нашата ера.

10. Цветот на животот

(10)10-duhovni-simboli-i-nivnoto-znachenje-kafepauza.mk

Ова е еден од главните симболи на светата геометрија и тој ги содржи сите шеми кои постојат во креацијата. Содржи 7 или повеќе симболи кои се преклопуваат. Цветот на животот датира уште од речиси секоја древна култура и се смета дека е една од најсветите формации од која настанала креацијата.

Погледнете и кои се најмоќните мандала симболи и нивните значења.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар